/ Прочитано:

965

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ објавува оглас за вработување правни советници

akademik foto 1

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и ЛГБТИ Центарот за поддршка објавуваат оглас за вработување на следните позиции:

  1. Правен советник /правна советничка за Хелсиншки комитет
  2. Правен советник/правна советничка за ЛГБТИ Центарот за поддршка
  3. Проектен координатор/проектна координаторка за ЛГБТИ Центарот за поддршка

Кандидатите заинтересирани за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик, мотивациско писмо и доказ за завршено високо образование. Во кратката биографија потребно е да бидат наведени референции и контакт-податоци во однос на работното искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 4 септември 2016 до 23:59 часот. При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција.