/ Прочитано:

1.548

Mакедонскотo здружение на млади правници објавува јавен оглас за проектен асистент 

Македонското здружение на млади правници – МЗМП Скопје објавува јавен оглас за проектен асистент на определено време за потребите на проектот „Migrant and Refugee Human Rights Protection project“ (проектот), поддржан од УСАИД Македонија.

Опис на работни задачи:

  • Спроведување на активностите од проектот во согласност со правилата и политиките на донаторот и МЗМП
  • Навремено и самостојно спроведување на планираните проектни активности
  • Инволвираност во координирање, спроведување и следење на активностите на проектот
  • Поддршка при изработка на клучните документи за спроведување на проектните активности
  • Активно вклучување во мониторинг и евалуација на спроведените проектни активности
  • Асистенција при подготовка на писма, барања и друга документација за потребите на проектот
  • Пишување дневни, месечни, квартални и годишни извештаи за активностите
  • Воспоставување и одржување постојана комуникација и координација со релевантни државни органи, установи и институции, невладини организации
  • Патување и теренска работа за потребите на проектот
  • Следење на состојбата во делот на азилот и миграциите локално, регионално и глобално
  • Други работи за потребите на проектот

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома – високо образование во општествени науки (стара програма 4 години; нова програма 300 ЕКТС)
  • Релевантно работно искуство од најмалку 2 години
  • Напредно познавање и користење на говорен и пишан англиски јазик. Познавање на друг јазик ќе се смета за предност. Кандидатот е потребно да достави соодветен доказ за познавање на јазикот/јазиците.
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Одлични компјутерски вештини
  • Одлично познавање на Микрософт офис пакетот (Word, Еxcel, Power Point и друго)
  • Искуство со ранливи категории и лица со различна културна заднина како дел од претходното работно искуство.

Почеток на ангажманот: 1 октомври 2017 год.

Потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција е потребно да достават кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на англиски јазик. Во CV-то наведете референци и контакт-податоци во однос на релевантното работно искуство.

Апликациите се доставуваат на следнава електронска адреса: contact@myla.org.mk најдоцна до 22.9.2017, 16:00 часот.

НАПОМЕНА: При доставувањето на апликациите, во насловот на е-мејлот да се наведе работната позиција за која аплицирате.  Еден кандидат може да аплицира само за едно од огласените работни места на организацијата. Кандидатите што ќе аплицираат повеќе пати и/или во две или повеќе работни позиции ќе бидат дисквалификувани.

МЗМП ќе стапи во контакт само со најуспешните кандидати. Евалуацијата на кандидатите може да вклучува тестирање и/или интервјуирање. Ве молиме без телефонски јавувања.

Преземете го огласот во PDF: Оглас-проектен асистент УСАИД