/ Прочитано:

1.567

МЗМП: Оглас за работно место – теренски правник

Позиција: Теренски правник

За здружението

Македонско здружение на млади правници (МЗМП) е професионална, непрофитна и неполитичка организација основана во 2003 година со цел да придонесе кон целосната имплементација на принципот на владеење на правото и развојот на младите правници и правната професија во Македонија.

Образложение

„Проектот за правна помош и застапување на лицата од особен интерес” финансиран од Канцеларијата на  УНХЦР во Скопје, има потреба од еден квалификуван теренски правник кој ќе биде дел од тимот на МЗМП и ќе дава известувања на проект менаџерот. Оваа позиција е со седиште во Табановце, Република Македонија.

Обврски и задолженија

Теренскиот работник ќе ја врши својата должност во согласност со претходно утврден работен распоред, но не подолго од 40 работни часа неделно, ќе работи под надзор и ќе известува на проектниот менаџер / регионалниот координатор. Теренскиот работник ќе работи во блиски работни односи со релевантните државни институции, локални невладини и меѓународни организации кои работат и се присутни во Табановце.

Опис на работно место

Работната поддршка на теренскиот правник  ќе вклучува, но нема да биде ограничена само на:

  • Обезбедување на правни информации, совети и поддршка на баратели на азил и бегалци;
  • Одржување на работни односи со локалните државни институции и другите релевантни засегнати страни;
  • Редовна комуникација со координаторот на проектот и канцеларијата на МЗМП во Скопје;
  • Други задачи кои што ќе се наведени од страната на МЗМП.

Квалификации

  • Универзитетска диплома од правен факултет;
  • Една до три години работно искуство;
  • Способност за работа во мултикултурна и динамична средина;
  • Добро разбирање на основните аспекти на работа на терен во таква област;
  • Добри интерперсонални вештини;
  • Искуство во користење на MS Office и интернет алатки за известување/платформи се добредојдени;
  • возачка дозвола (Б категорија) со возачко искуство е задолжително

 Назначување/избирање

На теренскиот работник ќе му биде понуден договор за услуга. Бруто платата изнесува 30.000 денари. Позицијата е со седиште во Табановце, Република Македонија, а работодавачот е тој кој  обезбедува транспорт за теренскиот правник.

Апликација

Апликацијата се состои од кратка биографија и мотивационо писмо (на македонски јазик) кои треба да се испратат на contact@myla.org.mk најдоцна до 15.05.2017 година.

Само успешните апликанти ќе бидат контактирани и поканети на интервју.