/ Прочитано:

2.511

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА АКАДЕМИК ОБУКАТА за новините во канцелариското и архивското работење и новините во Законот за архивски материјал

Петок, 19 декември 2014 – Огромен интерес, извонредно образложени елаборации, интерактивна дебата со многу прашања и добиени одговори се впечатоците од обуката што ја организираше Академик, која беше посветена на новините во канцелариското и архивско работење и на новините во Законот за архивски материјал и подзаконските акти за архивското работење и нивната практична примена. „Навистина беше одлично искуство да се биде дел од оваа обука, со одлични предавачи, конструктивна дискусија и интерактивна размена на мислења“, се дел од коментарите на учесниците, кои го поздравија и начинот на кој Академик се посветува кон најактуелните прашања од законските новини и трендови.

Оттука, традиционално, обуките на Академик својот фокус го насочуваат кон суштествени прашања од новините во регулативата и во правно-деловната практика, па така и овој пат Академик им се посвети на новата регулатива и на практичната примена во сферата на  канцелариското и архивското работење.

Се разбира, основен ориентир за елаборација на тематиките во оваа насока беа новините во Законот за архивски материјал,  во кој се регулира материјата во врска канцелариското работење, заштитата, чувањето, користењето и обработката на архивскиот материјал.

Покрај Законот за архивски материјал, се разгледаа и поврзаните подзаконски акти, кои се од особена важност за имателите на јавен и приватен архивски и документарен материјал.Заинтересираните учесници имаа шанса на мошне методичен, аналитичен и непосреден начин да бидат запознати со новата  правна регулатива за уредување на прашањата за канцелариското и архивското работење на имателите на јавен и приватен архивски и документарен материјал.

Секако, голема улога за тоа имаа предавачите на обуката, кои целосно се ангажираа да им ги разјаснат дилемите на учесниците и да им дадат одговори на прашањата што им се наметнуваат низ практиката или при толкувањето на законските одредби.

Прв предавач на обуката беше г. Борис Најдовски, виш инспектор во Државниот управен инспекторат, кој подетално се осврна на Уредбата за архивско и канцелариско работење со која се уредуваат прашањата што се пропишани со Законот за архивски материја, како и на Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење.

Борис Најдовски, виш инспектор во Државниот управен инспекторат

Најдовски првично во своето излагање се осврна кон уредувањето на конвенционалните видови документи забележани на хартиена основа, на неконвенционалните видови како што се електронските и на дигитализирани записи.

Приемот, прегледувањето и распоредувањето на документите, нивното заведување, доставување, административно-техничко обработувањe, испраќање, прегледување и распоредување на документите; заведување на документите и на записите во деловодник и други евиденции; употребата на печати и штембили, роковен штембил; прашањата за деловодникот и планот на архивски знаци; како и чувањето на архивскиот материјал, беа клучните прашања што се дискутираа во рамки на елаборацијата на предавачот Најдовски, кои се надополнуваа со примери од практиката низ архивистиката.

Проф.д-р Ацо Ангеловски, инспектор во Државниот архив на Република Македонија

Новините во Законот за архивски материјал и подзаконските акти за архивското работење и нивната практична примена, извонредно ги објасни г. Ацо Ангеловски, кој како универзитетски професор научно ја истражува оваа проблематика, но и како инспектор во Државниот архив на Република Македонија. Тој ги спои теоријата и практиката во единствена презентација што ги воодушеви учесниците.

Во пошироката елаборација на професорот Ангеловски се опфатија прашањата  за заштитата, чувањето, обработката и користењето на архивскиот материјал, за инспекцискиот надзор и за надлежностите на Државниот архив на Република Македонија.

Во таа насока учесниците се интересираа за обврските на имателите на архивски и документарен материјал, при што посебно беа образложени овие прашања како обврска на заштита, чување и одржување на архивскиот и документарниот материјал; водењето евиденција за архивскиот и документарниот материјал; достапноста на архивскиот и документарниот материјал на јавноста; начинот на прием, прегледувањето и распоредувањето на архивскиот и документарниот материјал; обележувањето на архивскиот и документарниот материјал и навременото враќање; класифицирањето и средувањето на архивскиот и документарниот материјал и водењето евиденција на архивскиот материјал.

Обуката се заокружи со интерактивна дебата преку која учесниците, и покрај заокружувањето на излагањата, продолжија да разговараат и добиваат одговори од предавачите, кои евидентно истакнуваа дека им било задоволство и од огромно значење да бидат дел од креативниот  настан.

„Многу ми се допадна обуката. Се разгледаа прашања што токму нам ни се од интерес во практиката, па ќе видиме како ќе почнат да се применуваат овие новини“, велат  Александра Миљковиќ и Биљана Трајковска, БАС „Тути фрути“ ДООЕЛ Скопје.

„Да, обуката е мошне професионална. Првично сум доста задоволна од презентациите, па ќе видиме во понатамошната дебата за прашањата“, вели Марија Тодоровска, Универзитет за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид.

„Обуката е во ред. Предавачите се одлични“, вели  Билјана Петрова, „Евро консалтинг“ ДОО Скопје.

„Обуката е добра, средно мислење, мислам дека е потребно повеќе време им да се посвети на попрактичните прашања“, вели Катерина Марковска, Адвокатско друштво „Интер партес“ – Скопје.

„Впечатоците за обуката се одлични. Разгледувањето на овие прашања е многу важно за нас и добро е што се следи чекорот да се прави едукација за овие прашања“, вели Весна Панчевска, „Пекабеско“ АД Скопје.

„Добра обука. Предавачите се навистина на нивото и добро ги објаснуваат нештата. Посебно вториот предавач беше извонреден“, вели Драгица Марковска, „Џонсон контролс“ – Штип.

„Многу убава обука. Нам ќе ни биде од голема корист. Ја проследивме со многу интерес и добро е што има простор да се праша и да се добие одговор. Мислиме дека е тоа многу важно, нешто што ретко се среќава на обуки“, велат  Јасминка Ѓорѓиевска и Емилија Тодорова, Општина Македонска Каменица.

„Супер е обуката, задоволна сум од излагачите“, вели Билјана Кузманоска, Адвокатско друштво „Бранко Кузмановски“ – Скопје.

„Обуката мене лично многу ќе ми биде од корист“, вели Дејан Стојковски, „Идеа плус комуникејшнс“ ДОО Скопје.

„Добра е обуката, но треба да се обрне повеќе внимание можеби и на другите работи од оваа сфера, со оглед на тоа дека добар дел од ова што се предава ние веќе го применуваме“, вели Костадинка Јонева, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

„Ги надмина очекувањата. Задоволна сум од предавањата, од брзината на одговорите и практичноста во одговарањата. Овие обуки навистина се препорачливи за сите кои се засегнати од некое законско решение, а како што гледам Академик редовно ги следи најновите случувања и обезбедува обуки за тоа, што е за поздрав“, вели Александра Каракутова од ОУ „Никола Карев“ – Радовиш.

„Во целост многу ми се допадна обуката. Сега да видиме како ќе се примени тоа низ практиката. Сметам дека инспекторот во првиот дел треба да има практично излагање како функционира тоа низ практиката“, вели Елизабета Гиовска од „МЕПСО“ АД.

„Убава и добро конципирана обука, од голема корист за нас “, вели Олгица Петковска од „МЕПСО“ АД.

„Задоволна сум од излагањата, супер е презентирано и образложено“, вели Јасмина Качаниклиќ од „МЕПСО“ АД.

„Убаво предаваа предавачите, особено вториот предавач. Корисно во секој случај“, вели Ружица Спасевска од „МЕПСО“ АД Скопје.

„Првиот дел не толку, но вториот е многу поинтересен и позначаен. Јас поставив прашања и добро е кога се разговара за темата, да се праша директно, да се добие одговор и не треба никој да биде осуетен за тоа, напротив обуките се место каде што треба да се добиваат одговорите “, вели Инес Лаличиќ од „МЕПСО“ АД Скопје.

„Кога би оценувале од еден до пет, би дале чиста петка!“, велат Гордана Стојкоска и Тања Маневска, Општина Илинден.

„Одлична замисла и уште поубава реализација на обуката“, вели Дивна Атанасова, Адвокатска канцеларија „Бранко Радојчиќ“ – Скопје.

„Ми се допадна обуката“, вели Елена Кочова, Адвокатско друштво „Наумов, Менкиноски и партнери“.

„Би рекла дека се работи за многу корисна обука и ми се допадна како се објаснија овие теми од архивистиката, како од толкувањето на одредбите и примена на Законот, така и со практичните примери“, вели Милка Ајцева од Општина Дојран.

„Беше убаво да се биде дел од оваа обука. Многу корисно“, вели Златка Калова од ЈКП „Полин“ – Стар Дојран.

„Особено вториот дел ми се допадна. Одличен предавач. Во целост обуката навистина беше одлична“, вели Надица Костадиновска од  „Империал тобако“ ТКС АД Скопје.

„Се расчистија некои дилеми што постојат, имаше одговори, се кажа и нешто плус. Убава обука“, вели  Татјана Куневска, Агенција за аудиовизуелни медиумски услуги.

„Вториот дел ми се допадна повеќе. Предавачот навистина беше одличен. Првиот дел делумно ми се допадна“, вели Марија Милошевска, „Аутомакедонија“ АД Скопје.

„Многу убава обука и организација“, вели Авни Борова, „Кнауф Радика“ АД Дебар.

„Добра обука, особено ни е интересен вториот дел. Во секој случај убаво се кажуваат и се образложуваат работите“, велат Анастасија З. Панчевски и Весна Волнаровска, „Би-мек“ ДОО Скопје.

„Многу добра обука со интересни информации, убаво е да се слушаат советите на предавачите“, вели Лидија Христова, О.У. Кирил Пејчиновиќ – Кисела вода, Скопје.

„Одлична обука“, вели Ива Тоффоло Стефановска од МЕПСО АД Скопје.

„Обуката е добра, се разбира секогаш може подобро, од просечно кон најдобро“, вели Марија Мишева и Јасмина Ѓуркова, Роби ДООЕЛ Штип.

„За нас моногу важна обука, не може да се каже дека обуката не е извонредно замислена и организарана“, вели Мирјана Митковска, Крзно ДООЕЛ Делчево.

„Обука која сигурно нè упати кон други видици на архивистиката од аспект на практичната примена. Слушнавме доста важни податоци кои сигурно дека ќе ги примениме и како едукација и како искуство“, велат Татјана Нарашанова и Соња Филиповска, Производство на топлина „Балкан енерџи“ ДООЕЛ Скопје.