/ Прочитано:

1.619

Што содржат предлозите на Специјалното јавно обвинителство и решенијата на Кривичниот совет

Опасност од влијание врз сведоци, уништување докази, попречување на кривичната постапка од страна на осомничените во „Титаник“

Кривичниот совет, пак, смета дека е неоснован стравот дека осомничените ќе го сторат она што е наведено во предлозите на СЈО бидејќи веќе не се на функциите што ги имале и бидејќи подолго време знаат дека се води постапка против нив и во текот на постапката не презеле такви дејствија.

????????????????????????????????????

Основниот суд Скопје 1 во целост ги објави решенијата на судиите на претходна постапка кои одлучувале по предлозите на Специјалното јавно обвинителство за определување притвор за осомничените во предметот „Титаник“. Покрај тоа, по вчерашната одлука на Кривичниот совет да не ги прифати жалбите на СЈО, Кривичниот суд во целост ги објави и решенијата на Кривичниот совет од Одделението за организиран криминал и корупција во кои се содржани тврдењата на СЈО зошто за осомничените, поранешни и сегашни високи владини функционери, треба да биде определен притвор, како и образложението на одлуката на Кривичниот совет зошто не се прифатени жалбите на Специјалното јавно обвинителство.

Во предлогот за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, СЈО наведува:

„Се појаснува дека обвинетата веќе се обидела да влијае на кривичната постапка со влијание врз еден од обвинетите со барање да се воздржи од било каков инкриминирачки исказ против нејзе до изборите на 24 април, а потоа поради победата на ВМРО се ќе биде успешно завршено и таквото сведочење ќе се цени како највисок акт на патриотизам, во спротивно предавништво. Оправдан е стравот дека на секој начин осомничената Г.Ј. ќе ја попречува кривичната постапка, впрочем во тој контекст е и извршеното влијание на сведоците и соучесниците во криминалниот потфат. Од овие причини се предлага против осомничената Г. Ј. да биде определена мерка притвор поради постоење на основот од член 165 став 1 точка 2 од ЗКП“.

Во образложението на одлуката на Кривичниот совет стои:

„Советот смета дека во конкретниот случај, судијата на претходна постапка правилно постапил кога утврдил дека не постои основот за определување на мерката притвор предвиден во чл.165 ст.1 т.2 од ЗКП, односно не постои оправдан страв дека осомничената Г.Ј. ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело и не постојат особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, поради што и предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од 12.02.2016 година го одбил како неоснован“.

GJ 1

Во предлогот за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, СЈО наведува:

„Тој учествува во сите сфери на делувањето на криминалната група што може да се види и од кривичните дела за кои постои основано сомневање дека ги сторил. Неговите дејствија се движат од изборна корупција, изборна репресија до уништување на изборни материјали. Со самото тоа и фактот што создал огромна мрежа на луѓе на кои може да влијае, особено фактот што уништувањето на докази му се добро познати, присутен е основан страв дека ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичните дела“.

Во образложението на одлуката на Кривичниот совет стои:

„Советот смета дека во конкретниот случај, судијата на претходна постапка при овој суд правилно постапил кога утврдил дека не постои основот за определување на мерката притвор предвиден во чл.165 ст.1 т.2 од ЗКП, односно не постои оправдан страв дека обвинетиот М. Ј. ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело и не постојат особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, поради што и предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од 13.02.2016 година го одбил како неоснован“.

MJ 1

Во предлогот за актуелниот генерален секретар на Владата на Република Македонија, Кирил Божиновски, СЈО наведува:

„Поради наведеното смета дека доколку обвинетиот се брани од слобода, постои сериозен страв да ги прикрие трагите на кривичните дела, а и да влијае врз соучесниците и сведоците во насока на попречување на кривичната постапка“.

Во образложението на одлуката на Кривичниот совет стои:

„Советот смета дека во конкретниот случај, судијата на претходна постапка при овој суд правилно постапил кога утврдил дека не постои основот за определување на мерката притвор предвиден во чл.165 ст.1 т.2 од ЗКП, односно не постои оправдан страв дека обвинетиот К. Б. ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело и не постојат особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, поради што и предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од 12.02.2016 година го одбил како неоснован“.

KB 1

Во предлогот за градоначалникот на Општина Пустец, Албанија, Едмонд Темелко, СЈО наведува:

„Во предлогот се наведува дека против осомничениот Е. Т. треба да биде определена мерка притвор по сите основи предвидени во член 165 од ЗКП. Се наведува дека се работи за лице со двојно државјанство, и македонско и албанско, па поради тоа очекувано е дека ќе се даде во бегство со цел да ја избегне правдата, а нема да постои можност за негова екстрадиција“.

Во образложението на одлуката на Кривичниот совет стои:

„Советот смета дека во конкретниот случај, судијата на претходна постапка при овој суд правилно постапил кога утврдил дека не постојат основите за определување на мерката притвор предвидени во чл.165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП, односно не постои оправдан страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода, не постои оправдан страв дека ќе ја попречува постапката со влијание на сведоци, ниту постои оправдан страв дека ќе ги повтори кривичните дела, поради што и предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите НСК-Ко бр.1/15 од 12.02.2016 година го одбил како неоснован“.

ET 1