/ Прочитано:

1.453

Oсигурително-брокерските друштва се стекнаа со право за добивање меродавен технички резултат по издадени полиси

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија упатува јавен повик до надлежниот Инспекторат за труд да излезе на терен и да преземе мерки за заштита на текстилните работници и работнички од високите температури.

По барање на членките на Асоцијацијата на осигурително-брокерските друштва при Стопанската комора на Македонија, осигурително-брокерските друштва се стекнаа со право за добивање меродавен технички резултат по издадени полиси за автомобилска одговорност и зелена карта.

„Досегашната практика на добивање на извештајот од осигурителните компании не се покажа како ефикасен начин на работа и таа негативно влијаеше врз професионалноста на осигурително-брокерските друштва и штетно се одразуваше врз клиентите. За таа цел, а во насока на продолжување на соработката помеѓу Асоцијацијата на осигурително-брокерските друштва при Стопанската комора на Македонија и Националното биро за осигурување е усвоено Барањето на Асоцијацијата за добивање на извештајот“, информираат од Асоцијацијата на осигурително-брокерските друштва

Овој извештај, додаваат од Асоцијацијата, е од големо значење за изработка на веродостојна анализа за висината на премијата, како и за подготовка на соодветна тендерска документација, со премија која е во согласност со законската регулатива.

Со доставување на извештај за меродавен технички резултат до осигурително-брокерските друштва, приватните правни субјекти кои имаат возила осигурани во повеќе осигурителни друштва ќе добијат веродостојна информација за основот на кој им се зголемила премијата, односно за кое возило, кога и во која земја е настаната штета.

М.В