/ Прочитано:

1.034

Ослободителна пресуда за професорот од Драчево кој беше обвинет за педофилија

Четврток, 5 јули 2012 година – Гимназискиот професот по историја од Драчево, Јордан Илиоски денеска кривичниот суд го ослободи за делата кои што му се ставаа на товар,  вршење на полови дејствија и задоволување на полови страсти врз ученици, пренесува Канал 5 телевизија. Судот одлучи дека не постојат доволен број на докази и го прогласи за невин.

Во текот на судската постапката трите момчиња што го пријавиле случајот во полиција, сведочеле дека професорот мастурбирал пред нив и сексуално ги злоставувал. Според обвинението професорот две години учениците ги повикувал во својот кабинет, им покажувал порнографски списанија и видео клипови со порнографска содржина и вршел полови дејствија врз учениците.

Професорот пред судот се бранел дека ниту допирал, нити блудничел, ниту, пак, имал контакт со неговите ученици. Според него секретарката со која што не бил во добри односи го наместила.

Таа ме мрази оти бев против нејзиното вработување, а потоа колегите ги сврти против мене оти не се согласував кој ќе биде нов директор”, кажал пред судиите Илиески.