/ Прочитано:

2.314

Ослободување од плаќање на социјални придонеси за лица вработени како замена за работник кој користи породилно отсуство

Понеделник, 9 ноември 2015 – Со член 98-з од Законот за дополнување на законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, предвидена е дополнителна мерка за ослободување од плаќање на придонеси, за работодавачи од приватниот сектор, кои по претходно поднесено барање до Агенцијата за вработување, се ослободуваат од плаќање на социјални придонеси за лице кое ќе го вработат како замена за работник кој користи породилно отсуство од работа, за периодот додека трае породилното отсуство, известуваат од УЈП.

„За користење на мерката за ослободување, потребно е да се исполнат одредени услови пропишани со Законот, бидејќи во спротивно работодавачот ќе го изгуби правото на ослободување и ќе биде должен да ги плати придонесите за кои користел ослободување од плаќање, а постапката за наплата ја спроведува Управата за јавни приходи. Еден од условите за работодавачот од приватниот сектор да ја користи оваа мерка е дека не смее да има неисплатени плати, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци повеќе од два последователни месеци, што се докажува со потврда издадена од Управата за јавни приходи по претходно поднесено барање УЈП-УН-3.2-25“, истакнуваат од УЈП, од каде ги даваат и следните образложенија упатства:

 Ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување

Работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси за лице кое ќе го вработи како замена за работник кој користи породилно отсуство од работа, за периодот додека трае породилното отсуство. Работникот за кој се користи ослободување треба да работи на истото работно место на кое работел работникот кој користи породилно отсуство, и да му се исплаќа иста нето-плата.

Работодавачот е должен по истекот на породилното отсуство на работникот и негово враќање на работа, да го задржи истиот на работа уште најмалку за истиот период за којшто користел ослободување од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување, освен во случај кога работникот со изјава заверена на нотар ќе изјави дека не сака да се врати на работното место.

Ослободување од плаќање на придонеси за самовработено лице

Ослободувањето од плаќање на придонеси се однесува и за самовработено лице кое ќе вработи лице како замена за работник кој користи породилно отсуство од работа.

Престанување на правото на користење на мерките

Правото на ослободување од плаќање на придонеси престанува доколку лицето за кое се користи ослободување од плаќање на придонеси не работи на истото работно место на кое работел работникот кој користи породилно отсуство, и не му се исплаќа иста нето-плата. Во ваков случај работодавачот е должен да го врати износот на средства за кој бил ослободен од плаќање за изминатиот период.

Работодавачот кој нема да го задржи работникот по истекот на неговото породилно отсуство и неговото враќање на работа за уште најмалку истиот период за којшто бил ослободен од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување согласно мерката, е должен во рок од 30 дена да уплати два пати поголем износ од износот на средства за кој бил ослободен од плаќање за изминатиот период.

Користењето на мерката ќе престане доколку работодавачот кој по вработувањето на лице како замена за работник кој користи породилно отсуство од работа, за периодот додека трае породилното отсуство, има долг по основ на неисплатена плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци за два последователни месеци, и истиот е должен да го уплати износот на средства за кој бил ослободен од плаќање за изминатиот период.

Начин на пополнување на МПИН пресметка За користење на ослободувањето од плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување во полето 3.23 – „Ознака на надлежен орган-обврзник за пресметка и уплата“ на клиентскиот софтвер (преземи нова верзијаhttp://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) потребно е ја внесете една од наведените шифри во зависност од категоријата во која припаѓа лицето:

Шифра во поле 3.23 Опис
 306  Замена на работник кој користи породилно отсуство до 270
 307  Замена на работник кој користи породилно отсуство до 450 дена

Останатите полиња во МПИН пресметката се пополнуваат на вообичаениот начин.

Приказ на ослободувањето во Декларацијата за прием

Износот на ослободувањето од плаќање на придонесите се прикажува во Декларацијата за прием во делот „Рефундирање на придонеси и ПД“ и тоа во секоја колона поединечно по вид на придонес. Збирниот износ од делот „Рефундирање на придонеси и ПД“ го намалува пресметаниот износ за плаќање во полето „Вкупен износ на социјални придонеси и персонален данок“. Поднесување на барање “УЈП-УН-3.2-25“ заради издавање на потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси За издавање на Потврдата, работодавачот од приватниот сектор треба да достави Барање за издавање на потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси (образец УЈП-УН-3.2-25) кое може да се преземе преку веб страницата на УЈП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/111). Пополнетото барање УЈП-УН-3.2-25 во хартиена форма се поднесува до надлежната даночна канцеларија на УЈП, според местото на седиштето на барателот – работодавач од приватниот сектор. Барањето УЈП-УН-3.2-25 може да се поднесе и по електронски пат преку системот е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk, доколку барателот е регистриран корисник.

НАПОМЕНА: При пополнување на барањето УЈП-УН-3.2-25, во полето “описот на барањето“ задолжително да се внесе основот кој треба да гласи: „За ослободување од плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување согласно член 98-з (замена за породилно отсуство) од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност“.