/ Прочитано:

1.339

Османи: ДКСК мора да создаде регулатива и предуслови за спречување на злоупотреба на државните ресурси во кампањата на следните избори

„ДКСК има одредени надлежности во реализирање на правната држава и во мерки кои ги предвидовме во првите три месеци од Планот. Посебно е важна мерката која се однесува за изборите бидејќи тие ќе бидат првиот тест во којшто ќе покажеме кредибилност како држава пред нашите меѓународни партнери и граѓаните. Заедно со Комисијата ќе ги направиме сите предуслови со цел да се направи поделба на државата од партиите, како и да се гарантира дека оваа институција ќе биде автономна во своето делување, независна и без никакви притисоци, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

Потпретседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, пред почетокот на денешниот состанок со претседателот и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) изјави дека Комисијата мора да создаде регулатива и предуслови за спречување на злоупотреба на државните ресурси во кампањата на следните избори. Исто така, како што потенцираше Османи, Државната комисија за спречување на корупцијата во наредните три месеци мора да ја реализира постапката во делот на извештајот за сите истраги и мерки кои ги има покренато во последните пет години според форматот на Европската комисија.

Средбата се одржа во рамки на реализација на Планот 3-6-9 што минатата недела го презентираше Владата на РМ, а на оваа средба Османи вети поддршка на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и целосна независност во нејзината работа.

„ДКСК има одредени надлежности во реализирање на правната држава и во мерки кои ги предвидовме во првите три месеци од Планот. Посебно е важна мерката која се однесува за изборите бидејќи тие ќе бидат првиот тест во којшто ќе покажеме кредибилност како држава пред нашите меѓународни партнери и граѓаните. Заедно со Комисијата ќе ги направиме сите предуслови со цел да се направи поделба на државата од партиите, како и да се гарантира дека оваа институција ќе биде автономна во своето делување, независна и без никакви притисоци, изјави Османи.

Претседателот на ДКСК Игор Тантуровски рече дека ќе го информира Османи за остварувањата на ДКСК во препораките добиени со итните реформски приоритети, но и со Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија.

– Ќе го информирам вицепремиерот и за препораките кои ги добивме од ГРЕКО за кои Комисијата доби позитивни оценки и бевме пофалени на седницата во Стразбур, истакна Тантуровски.

А. Б.