/ Прочитано:

728

ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1: Адвокатите кои ќе поднесат барање да бидат ангажирани по службена должност, да достават потврда кога положиле правосуден испит

Вторник, 9 декември 2014 – Сите адвокати кои ќе поднесат барање за да бидат ангажирани да постапуваат по службена должност во прилог да достават потврда кога положиле правосудниот испит, апелираат од Основниот суд Скопје 1.

„Што се однесува за тие адвокати што веќе имаат доставено барање, во најскоро време да ги ажурираат податоците, во смисла на новиот Закон за кривична постапка од 01.12.2013 година, каде согласно чл.71 ст.5 се наведува дека за кривични дела за кои може да се изрече казна затвор во траење од најмалку 10 години, бранител може да биде само адвокат кој има искуство од најмалку 5 години, по положување на правосуден испит.

Токму поради овие причини, ги повикуваме сите адвокати кои имаат поднесено барање до овој Суд да постапуваат по службена должност, или во следниот период ќе поднесат вакво барање, да достават податоци, со цел да се испочитуваат законските обврски“, се вели во известувањетo.