/ Прочитано:

1.765

ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1: Нема да се дозволи било каков застој во работењето

Четврток, 9 октомври 2014 –  Основниот суд Скопје 1 – Скопје по добивање на одлуката од Судскиот совет на РМ за суспензија на судиите кои беа приведени вчера ќе побара од Советот да се делегираат судии на определен период. Дотогаш, како што информираат преку соопштение од Судот по затекнатите предмети ќе постапуваат преостанатите четворица судии. Со оглед на тоа дека во определен период судиите во овој Оддел имале и по  5.000 предмети за работа, оттаму сметаат дека нема да има проблем навремено да се завршуваат предметите додека не се делегираат дополнителни судии. Потенцираат дека нема да се дозволи било каков застој во работењето.

Соопштeнието на Основниот суд Скопје 1 ви пренесуваме во целост:

Заради интерс на медиумите околу подготвеноста на Основниот суд Скопје 1 – Скопје да се соочи со тековното работење на Одделот за прекршоци а со цел транспаретно и правилно информирање на јавноста се обраќаме преку соопштени во кое се потрудивме да ги опфатиме сите прашања кои ни беа доставени од медиумите.

Во однос на работењето на Одделот за прекршоци, информираме дека од почетокот на 2013 година се преземени активности за подобрувањена работата на одделот во смисла на сите претходно дадени забелешки од страна на повисокиот суд за начинот на работа на судиите. На почетокот на годината направен е попис на сите предмети во овој оддел и состојбата на истите. Донесени се интерни упатства за начинот на постапување согласно Законот за прекршоци, и другите закони по кои постапува одделот, а сето тоа во насока на воедначување на судската пракса. Покрај редовните, воведени се и вонредни, месечни контролни извештаи за предмети пред застарување за да се добие појасна слика околу работењето на судиите во одделот, а истовремено констатирана е состојба на групи на предмети каде се јавува едно исто лице повторник, кои што варираат од 10 до 150 предмети за едно лице, и истите се групирани кај еден судија по повторник, со што е забрзано постапувањето по овие предмети и е намален обемот.

Во текот на 2013 година со спроведените вонредни контроли преку судсксата управа, констатираните неправилности тековно се отсранети, па токму затоа во тековната 2013 година, одделот за прекршоци покажува вонредно подобри резултати за разлика од претходните години, што може да се потврди и во годишните извештаи како на судот така и на повисоките судски институции. Воедно за одредени неправилности во работењето на одделот, редовно е известуван и Судскиот совет на РМ кој некои судии ги оцени негативно, а некои ги разреши.

Што се однесува на прашањата за тоа кои мерки се презмени изминатите години за работата во одделот за прекршоци и начинот како сега ќе функционира одделот –

Во текот на 2014 година во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, се преземени активности кои во дел се наметнати од примена на новиот ЗКП со што дел од судскиот кадар, односно истражните судии, се останати со мал фонд на предмети за работа па затоа во месец јули, најсериозните прекршочни предмети од групите јавен ред и мир и стопанство кои се во број од околу 5000, се префрлени во работа кај истражните судии, за да нема застој во работењето бидејќи одделот за прекршоци работи со фонд од околу 25.000 предмети. Воедно со имплементацијата на АКМИС – системот во 2008 година, Одделот за прекршоци не бил внесен во овој систем сеуште работел со старо софтверско решение, а извештаите за работа се изготвувани рачно, но со одлуката за префрлување на предметите кај истражните судии истите се внесени во системот со цел поголема контрола, ажурност и следење на роковите за постапување и евиденција во АКМИС – системот.

Со оваа реорганизација во Одделот за прекршоци сега се останати само предметите по сообраќај кои се околу 17.000.

За овие предмети уште во текот на месец септември како след на претходните активности на судксата управа, се направени подготовки за имплементација на АКМИС – системот така што истото вклучува и барање до софтверската куќа задолжена за одржување на ситемот технички да се подготви и да се поврзе со централната база на АКМИС – системот која е во Врховен суд. Заради овие подготовки на судиите дадени им се инструкции да не закажуваат предмети од 1 ноември до 15 декември бидејки се работи за сложен процес на префрлување на податоци, кој неможе да се одложува. Основниот суд Скопје 1 – Скопје по добивање на одлуката од Судскиот совет на РМ за суспензија на судиите кои беа опфатени со истрагата на ОЈО – Скопје ќе побара од советот да се делегираат судии на определен период. Дотогаш по затекнатите предмети ќе поставуаат преостанатите четворица судии. Со оглед на тоа дека во определен период судиите на прекршочниот оддел на овој суд имале и по 5 илјади предмети за работа, сметаме дека нема да има проблем навремено да ги заршуваат предметите додека не се делегираат дополнителни судии, и секако нема да се дозволи било каков застој во работењето.“