/ Прочитано:

1.283

OСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1: Од 1 до 15 декември нема да се закажуваат предмети во Одделот за прекршоци поради имплементација на АКМИС

Вторник, 28 октомври 2014 – Заради имплементација на софтверот – АКМИС во Одделот за прекршоци при Основен суд Скопје 1, судиите нема да закажуваат предмети од 1 ноември до 15 декември, известуваат од Судот. 

Во текот на месец септември како след на претходните активности на судската управа, се направени подготовки за имплементација на АКМИС – системот  односно Одделот за прекршоци технички да се подготви и да се поврзе со централната база на АКМИС – системот која е во Врховен суд. Заради овие подготовки на судиите дадени им се инструкции да не закажуваат предмети од  1 ноември до 15 декември бидејки се работи за сложен процес на префрлување на податоци, кој не може да се одложува. Новото софтверско решение нуди полесно движење и следење на предметите. Досега по затекнатите предмети постапуваа преостанатите четворица судии. Одделот успешно се соочува со новонастанатата состојба, судиите навремено и ажурно одговорија на сите обврски, особено во интерес на граѓаните кои што имаат постапки во судот, а тоа е поткрепено со фактот што тековниов месец се верификувани 818 предмети, а преку 200 предмети се во работа. Судиите покрај своите постапки ги прифатија и граѓаните кои со покани доаѓаа по предмети кај колегите што се под суспензија. Исто така прераспределени се и судски службеници на местата на службениците под суспензија со цел Одделот да работи без никаков застој.

Во овој период навремено и ажурно се вадат и уверенија што ги издава овој Оддел што на граѓаните им се потребни за актуелните конкурси за вработување и слично“, се вели во соопштението. Инаку, на седница одржана денеска, Судскиот совет на РМ делегираше седум судии од тетовскиот, кумановскиот и неготинскиот Суд, кои ќе ги менуваат дел од судиите од Одделот за прекршоци при Основен суд Скопје 1, кои беа приведени во неодамнешната акција „Јустиција“ и суспендирани до правосилноста на постапката.