/ Прочитано:

1.536

ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1: Првостепената пресуда за „Ровер“ е укината, предметот е вратен на повторно одлучување

Петок, 2 мај 2014 – Основниот суд Скопје 1 за АКАДЕМИК ја потврди информацијата дека првостепената пресуда за случајот „Ровер“ со која поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски беше осуден на казна затвор од 12 години за помагање на убиство на Маријан Тушевски и Киро Јанев e укината и предметот е вратен на повторно судење во првостепениот суд. 

„Во судот е стигнато решение за продолжување на мерката за притвор за четворица обвинети и од тоа решение можа да се констатира дека Апелациониот суд Скопје на јавна седница оржана 28.03.2014 по разгледување на списите приложени во предметот, обжалената пресуда, жалбите и писмениот предлог на Вишото обвинителство од Скопје и по оценка на наводите истакнати на јавна седница на советувањето и гласањето на 25.04.2014 – Судот одлучил обжалената пресуда да се укине и предметот да се врати на повторно судење во првостепениот суд“, образлужуваат од Одделението за односи со јавност при Основниот суд Скопје 1.

Оттаму додаваат дека не знаат од кои причини пресудата на скопска Апелација се’ уште не е пристигната до првостепениот суд.

Покрај Бошкоски, со првостепената пресуда на доживотна казна затвор во отсуство беа осудени српските државјани Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ. На десетгодишна казна затвор беше осуден Зоран Трајковски, по осум години добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по шест Гоце Митревски и Никола Негриевски.  

Според Обвинителството, Бошкоски му одобрил на сега починатиот Орце Коруновски да го лиши од живот Маријан Тушевски, притоа му ветил дека никогаш нема да поведе истрага против него. 

>> Повеќе за предметот прочитајте тука. 

(Е. П. / pavlovskae@akademik.com.mk)