/ Прочитано:

720

OСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1: Законот за одмерување на висината на казната ќе ѝ даде нов квалитет на судиската функција

Четврток, 18 декември 2014 – Предлог–законот за одредување на видот на казната и за одмерување на нејзината висината директно ја засега работата на Судот, па оттаму, Судот смета дека ова законско решение во корелација со новиот ЗКП ќе даде еден нов квалитет на судиската функција, известуваат од Основниот суд Скопје 1.

„Несомнено, вакво решение произлезе и од самите правосудни органи кои постапуваат во кривичната постапка. Претходно, беше предложено како решение Правилник кој го уредуваше претседателот на Врховниот суд , што значи дека одмерувањето на висината на казната и нејзиното одредување, е нужна и неопходна алатка за објективно постапување. Од страна на претставниците на судската власт кои земаат учество во дебатата, дадоа забелешки за подобрување на ова законско решение негово усогласување со КЗ и ЗКП. ОД дебатата произлезе дека Законот е коректно систематизиран и ги обработува сите аспекти при одмерувањето на казната во кривичната постапка. Во фазата на одмерување на казните од страна на Судот по утврдена вина преку оваа моќна алатка ќе се стимулираат странките во постапката да ги имаат во предвид и да ги истакнат сите објективни околности кои влијаат за одмерување на казната, личноста на обвинетиот, неговиот поранешен живот, околности под кои е сторено делото, влијанието на делото кон микро и макро средината, а се битни за одмерување на казната. На Судот му се дава дефиниран систем кој врз основа на утврдени и вреднувани параметри за виновниот сторител на кривичното дело, судијата ќе ја одмери и индивидуализира казната при што на тој начин се избегнуваат сите појави на субјективизам и дискрециони права на Судот при неговото одлучување“, се вели во известувањето на Судот.