/ Прочитано:

1.222

Осомничените во „Трезор“ денеска ќе бидат сослушани од судија на претходна постапка

СЈО предлага определување мерка притвор за едно лице и определување мерки на претпазливост, односно одземање на патните исправи на три лица.

Основен суд Скопје 1
Осомничените во последниот предмет што го отвори Специјалното јавно обвинителство, „Трезор“, денеска треба да се појават на сослушување пред судија на претходна постапка.
Како што информираат од Кривичниот суд, испратени се покани до странките и лицата опфатени со предлозите на СЈО и закажано е нивно сослушување во текот на денот.

СЈО предлага определување мерка притвор за едно лице и определување мерки на претпазливост, односно одземање на патните исправи на три лица.

Осомничените, тројца високи функционери од Управата за безбедност и контраразузнавање и еден висок функционер од Министерството за внатрешни работи, се осомничени дека ја злоупотребиле службената положба.

Како што истакнаа од СЈО, осомничените прибавиле противправна имотна корист за правното лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје во висина од 862 илјади евра преку набавка на опрема за следење на комуникациите.

СЈО: При набавка на опрема за УБК биле злоупотребени средства од Буџетот на РМ