/ Прочитано:

920

Отворен повик за прием на нови студенти-членови за Willem C. Vis Moot International Commercial Arbitration

Среда, 15 април 2015 – Тимот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје за Willem C. Vis Moot International Commercial Arbitration под менторство на проф. д-р Тони Дескоски, следејќи ја традицијата на големи успеси во натпреварувањето од областа на меѓународното арбитражно право, објавува отворен повик за прием на нови студенти-членови.

Право на пријавување имаат сите студенти на трета година правни студии, како и студентите од Вториот циклус на студии,кои имаат одлични познавања на англискиот јазик. Сите заинтересирани студенти потребно е да испратат CV и слика на e-mail: dokovski_v@hotmail.com, најдоцна до 08.05.2015 година.

Студентите кои ќе ја поминат селекцијата, ќе учествуваат во работата на Moot court тимот 2015/2016 година. Тимот ќе учествува на 23-от по ред најголем натпревар во светот од областа на правото, кој ќе се оддржи во Виена, Австрија, во месец април 2016 година. 

Тимот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на натпреварот кој се одржа оваа година, на кој учествуваа 305 најпрестижни универзитети, се вброи помеѓу 32 најдобрите универзитети од областа на меѓународното арбитражно право.

ГОРДОСТ ЗА ПРАВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА: Тимот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ со огромен успех на најголемиот натпревар по меѓународно арбитражно право