/ Прочитано:

778

Оваа година судството е приоритет во европската агенда – експерти од ЕУ веќе работат на реформите (Национална програма за усвојување на правото на ЕУ)

Вторник, 22 јули 2014 – Комисијата за европски прашања на Втората седница расправаше по Извештајот за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, ревизија 2014 година за периодот од јануари до март  2014 година. Поголеми финансиски средства за реализирање на новата Национална програма за усвојување на правото на Европската унија, поголема ангажираност околу имплементацијата на реформите, засилување на реформите во делот на судството и фундаменталните човекови права е приоритет на Македонија за приближување кон Унијата во текот на 2014 година.

Засилување на реформите  во делот на судството и фундаменталните човекови права

Во врска со кварталниот извештај за реализацијата на НПАА- ревизија 2014 година, вицепремиерот за европски прашања во Владата на Република Македонија, Фатмир Бесими информира  за преземените активности  во извештајниот период, при што посочи дека Собранието на  Република Македонија  од предвидените 57 закони, усвоило 11 закони, а во  собраниска и владина  процедура се  5 закони и 3 се  во ресорска процедура.

Тој, исто така, информира и за останатите активности на Владата на Република Македонија во областа на евроинтеграциите, при што посебно се осврна на прашањата поврзани со владеењето на правото, и тоа во однос на реформите во судството, борбата против корупцијата, состојбата со медиумите,  искористеноста на европските фондови со осврт на ИПА1 и ИПА 2, реализацијата на Охридскиот рамковен договор и друго.  

Поголеми финансиски средства за реализирање на новата Национална програма за усвојување на правото на Европската унија, поголема ангажираноста околу имплементацијата на реформите, засилување на реформите  во делот на судството и фундаменталните човекови права  е приоритет на Македонија за приближување кон Унијата во текот на 2014 година.

„Се вршат и анализи заедно со експерти од ЕУ за градење на акциски план за реформи во судството“, изјави вицепремиерот Бесими.

Во таа насока, членовите на собраниската Комисија за европски прашања, укажуваа на позитивните, но и на негативните процеси во земјата, а кои директно влијаат на европската агенда на Република Македонија.

Тука, особено беше истакната потребата за враќање на опозицијата во Собранието на Република Македонија, како неопходен услов за реализирање на потребните задачи кои произлегуваат од Годишниот извештај за напредокот на земјата.

Што предвидува Национална програма за усвојување на правото на Европската унија во делот на судството?

За натамошно зајакнување на независноста и непристрасноста на судството во текот на 2014 година, ќе се продолжи со следење на примената правната рамка во однос на изборот на судии и јавни обвинители, следење и оценување на судиите, примената на нови услови, системот на кариера во напредувањето на судиите, како и 49 411 судии или 66,50% оценка многу добар, 143 судии или 23,14% со оценка добар, 47 судии или 7,61% со оценка задоволува и 17 судии или 2,75 % со оценка незадоволува.

Исто така, 3 претседатели на судови се оценети со оценка многу добар, 21 со оценка добар и 6 со оценка задоволува. 50 3 од втората генерација и 3 од третата генерација 51 2.931 судии, 810 јавни обвинители, 579 судски и јавно-обвинителски службеници и 288 учесници од релевантни институции 52 согласно Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на бројот на извршители, 53 објект во кој ќе бидат сместени Основното и Вишото јавно обвинителство Скопје и Јавното обвинителство на Република Македонија.

Зградата располага со по четири соби за препознавање и за сослушување, две конференциски сали, место во кое адвокатите ќе може да имаат средби со клиентите со континуирано следење на постапките за нестручно и несовесно вршење на судиската функција и дисциплинска одговорност.

Согласно Рамката за натамошен развој на правосудството ќе се развие Акциски план со активности и буџетски импликации за реализација на приоритетите опфатени со Рамката, а неговата реализација ќе се следи преку подготовка на Извештаи за статусот на реализација на приоритетите опфатени со Рамката за натамошен развој на правосудството.

До крајот на првото полугодие од 2014 година ќе се изготви Анализа за унапредување на системот за утврдување на дисциплинска одговорност на судиите согласно меѓународните стандарди и праксата на ЕСЧП од аспект на поставеноста и надлежноста на судскиот систем согласно Уставот на РМ, како и Анализа на тековниот систем на оценување на судиите согласно меѓународните стандарди и праксата на ЕСЧП од аспект на поставеноста и надлежноста на судскиот систем согласно Уставот на РМ, како и директната врска меѓу оценувањето и разрешувањето на судиите.

Во насока на усогласување на законодавството со новиот Закон за кривична постапка ќе се донесат следните закони и подзаконски акти: • Закон за измени и дополнување на Законот за јавно обвинителство; • Закон за измени и дополнување на Законот за судовите; • Правилник за уредување, начин на водење и чување на казнена евиденција.

Со цел за уредување на правата, обврските и одговорностите на вработените во јавните обвинителства, во третиот квартал од 2014 година ќе се донесе: • Закон за јавнообвинителска служба.

Институционална рамка

Судскиот совет континуирано ќе известува за активностите во однос на изборот, разрешувањето на судиите, за постапките за нестручно и несовесно работење и дисциплинска одговорност, како и за јавните седници за расправање по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите. Воедно, ќе изготви Извештај за следење и оценување на работата судиите и претседателите на судовите за 2013 година.

Советот на јавни обвинители, континуирано ќе известува за активностите во однос на изборот, разрешувањето на јавни обвинители, а во соработка со ЈОРМ континуирано ќе известува за постапки за нестручно и несовесно работење и дисциплинска одговорност.

Судскиот совет на РМ и Советот на јавни обвинители ќе продолжат со избор на судии и јавни обвинители од кандидатите од АСЈО, Исто така, во ССРМ ќе се реализираат нови вработувања во стручната служба. АСЈО ќе ја спроведе теоретска обука на 5-тата генерација слушатели на почетна обука.

Покрај тоа ќе се интензивираат и активностите за привлекување на нови квалификувани кандидати, вклучувајќи засилени информативни кампањи, соработка со универзитетите во Република Македонија, како и објавување на нов јавен повик за аплицирање. Исто така, ќе се реализираат нови вработувања во стручната служба. АСЈО ќе продолжи со спроведување на континуирани обуки за судиите, советниците и судските службеници во Управниот суд и Вишиот Управен суд. Во 2014 год. согласно Методологијата за водење на унифицирана судска статистика ќе се собираат, обработуваат и анализираат статистичките податоци. за работата на судовите и за заостатокот на предмети.

Судскиот Совет на РМ во соработка со Врховниот суд, ќе доставува месечни извештаи за евентуалниот заостаток на предмети во судовите и ќе дава предлози за намалување на заостатокот на предмети.

Во 2014 година ќе се продолжи со унапредување на медијацијата во при што согласно член 27 од Законот за медијација во третиот квартал од 2014 година ќе се донесе Програма за развој на медијацијата за период 2014-2017 со мерки за унапредување и обезбедување на ефикасна медијација. Од аспект на унапредување на транспарентноста на судскиот систем, Врховниот суд ќе изготвува Извештаи за работата на Канцелариите за односи со јавноста.

>>>НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, РЕВИЗИЈА 2014 – 2016

(М.В) veljanoskim@akademik.mk