/ Прочитано:

838

Пајакот руши рекорди низ улиците – викендов отстранети 108 возила

Понеделник, 27 јануари 2014 – Во текот на викендот, специјалното возило „пајак“ отстранило 108 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Покрај тоа, казнети биле 47 возачи кои ги управувале своите моторни возила под дејство на алкохол и истите биле исклучени од сообраќај. Казни заработиле и 64 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив 32 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Санкционирани биле и десетмина возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 25 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.