/ Прочитано:

627

ПЕНТАГОН: Безуспешен план за ослободување заложници во Сирија

Четврток, 21 август 2014 – Американската војска неодамна спроведе воздушна и копнена операција за спасување на американски заложници во рацете на Исламската држава во Сирија, но акцијата беше неуспешна, соопшти Пентагон.

„Операцијата, со акции од воздух и копно, имаше за цел конкретна мрежа киднапери во рамките на ИСИЛ, сега позната како Исламска држава“, се наведува во соопштението.

За жал мисијата не беше успешна бидејќи заложниците не беа на одредената локација, се додава во соопштението на Пентагон.

Според Лиса Монако, соработничка на претседателот Барак Обама за борба против тероризмот, Обама мисијата ја одобрил на почетокот на летото.

Ваквата реакција на Пентагон следи откако џихадистите од исламистичката сунитска група Исламска држава (ИД) погубија американски новинар. Станува збор за Џејмс Фоли, фриленс-новинар кој беше заробен од исламистите во Сирија пред крајот на 2012 година.

Во соопштението на џихадистите се вели дека убиството на Фоли, со отсечување на главата, е одмазда за американското бомбардирање врз позициите на Исламската држава во северен Ирак. Фоли е прикажан како коленичи додека го држи еден од џихадистите, кој е целосно маскиран за да не може да биде идентификуван.

Комитетот за заштита на новинарите објави дека најмалку 20 домашни и странски новинари се уште се водат како исчезнати во Сирија, и за многумина се верува дека се заложници на милитантите.