/ Прочитано:

1.742

Пилот-проект во Велика Британија за продолжување на работното време на судовите

Се планира пилот-проектот да се одвива во период од 6 месеци, почнувајќи од оваа есен. Во него ќе бидат вклучени 6 судови преку кои ќе се испробаат ефектите од новиот начин на работа. Од деталите на планот според кој ќе се одвива работењето на 6-те судови, се планира работното време да почнува од 8 часот до 20 часот, но тоа ќе зависи и од внатрешната систематизација на работното време на секој суд поединечно.

Извршната кралска агенција надлежна за судовите во Англија и Велс, основана во 2011 година која брои 21.000 вработени, планира да ги тестира ефектите од ноќното работење на судовите, како и од раното започнување со работа.

Се планира пилот-проектот да се одвива во период од 6 месеци, почнувајќи од оваа есен. Во него ќе бидат вклучени 6 судови преку кои ќе се испробаат ефектите од новиот начин на работа. Иако овој начин на работа доведе до поделени мислења во јавноста, сепак владата реши да го спроведе и од таму веруваат дека ќе има позитивни ефекти.

Од деталите на планот според кој ќе се одвива работењето на 6-те судови, се планира работното време да почнува од 8 часот до 20 часот, но тоа ќе зависи и од внатрешната систематизација на работното време на секој суд поединечно:

– се планира судовите во Њукасл и Кривичниот суд во централен Лондон да работат во две смени (од 9:30 до 13:30, па потоа од 14:00 до 18:00 часот) со поделба на карактерот на предметите во тие две временски рамки

– се планира судовите во Шефилд и Кривичниот суд во округот Хајбери во северен Лондон да почнат да работат од 8 часот до 18 часот (Шефилд) и од 10 часот до 20 часот (Хајбери) и

– граѓанските и семејните судови во Манчестер и Брентфорд ќе работат двосменско од 8 часот до 19 часот.

Шефицата на кралската агенција надлежна за судовите, Сузан Акланд-Худ, за сајтот „Law Gazette“ изјавила дека идејата за овој проект е да се види како би функционирале судовите во иднина, односно дали со ваквиот начин на работа ќе бидат поефективни, а истовремено и дали граѓаните ќе бидат во можност да ги остварат своите интереси во постапките со вакво флексибилно работно време на судовите. Исто така, таа смета дека и на адвокатите ваквиот начин на работа ќе им одговара повеќе бидејќи нема да има потреба преку целиот ден да бидат присутни во судот.  Тие во поголемиот дел од работниот ден ќе имаат време да ги вршат и административните работи во своите канцеларии.

С. М.