/ Прочитано:

4.318

По иницијатива на студенти од „Американ колеџ“, Уставниот суд поведе постапка за одлуката за бесплатен превоз на студентите од државните универзитети

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за одлуката на Градот Скопје за давање субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за 2017 година, во делот „и бесплатен превоз на редовни студенти на додипломски студии на државните универзитети“.

Подносители на иницијативата се студенти од Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје. Студентите ја оспоруваат одлуката во делот „државни универзитети“, бидејќи, како што велат, со неа се врши  дискриминација, односно се воспоставува нееднаков третман меѓу студентите на државните и приватните универзитети.

Оспорената одлука е донесена од Советот на Град Скопје во декември 2016 година и со неа Градот Скопје му дава субвенции на ЈСП „Скопје“ за оперативни трошоци и тешкотии во работењето, за набавка на опрема за имплементација на систем за интелигентна наплата, за бесплатен превоз на возрасни лица над 62 години старост за жени и над 64 години старост за мажи во вторник, петок, сабота и недела и за бесплатен превоз на редовни студенти на додипломски студии на државните универзитети.

М.В