/ Прочитано:

1.091

Под силен меѓународен притисок, Собранието на Косово гласаше за новиот Специјален суд

Вторник, 4 август 2015 – Со 82 гласа „за“ пратениците во Собранието на Косово синоќа по забрзана процедура ги усвоија уставните и законските измени за формирање Специјален суд за судење на поранешни припадници на ОВК под сомневање дека извршиле злосторства. 

„Косово треба да го формира Специјалниот суд за да ги исполни своите обврски кон западните партнери и поради тоа што локалните судови не успеале да обезбедат правда“, изјави косовскиот премиер, Иса Мустафа, пред гласањето во парламентот, додавајќи дека пронаоѓањето на вистината е предизвик со кој мора да се соочи Косово.

 Соединетите Американски Држави и Европската Унија извршија силни притисоци и лобирања за формирање на овој суд. САД го предупредуваа Косово веднаш да го донесе законот за формирање на специјалниот суд зашто во спротивно проблемот ќе се најде пред Организацијата на ОН.