/ Прочитано:

2.213

Податоци на Државниот завод за статистика од областа на населението

Според податоците на Државниот завод за статистика (МАКСТАТ), во Република Македонија бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 13.536 деца или 58.8% од вкупниот број живородени деца наспроти 9.466 живородени деца или 41.2% во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања, по региони, има Скопскиот со 36.8%, а најмало Источниот Регион со 6.7%.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29.5 години наспроти 27.9 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28.1 години наспроти 25.6 години во селските подрачја. При првото раѓање, за 2.6 години е помлада мајката од селските подрачја.

Бројот на умрените лица во градските подрачја изнесува 12.438 лица или 60.9% наспроти 7.983 умрени лица или 39.1% во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 29.3%, а најмало Североисточниот Регион со 8.1%. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 153 доенчиња, додека во селските подрачја изнесува 120 доенчиња.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 72.1 години наспроти 72.8 години во селските или поголема старост имаат лицата умрени во селските подрачја.

Учеството во природниот прираст на населението од градските подрачја изнесува 42.5%, а 57.5% од селските подрачја. Во три региони има појава на негативен природен прираст, и тоа во: Пелагонискиот, Источниот и во Вардарскиот Регион.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 35.0 % имаат преселбите од село во град.

Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот Регион со 46.8%, додека во Полошкиот Регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби со 58.3%. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, а најмало во Полошкиот Регион.

М.В