/ Прочитано:

1.813

Поедноставување на процедурите за известување и плаќање персонален данок на доход

Владата на Република Македонија усвои информација за статусот на проектот „Поедноставување на процедурите за известување и плаќање персонален данок на доход“, проект финансиран од ИПА-фондовите, чие спроведување ќе придонесе за олеснет начин на комуникација на Управата за јавни приходи со даночните обврзници и ќе се поедностави начинот на пресметка и наплата на персоналниот данок на доход.

Проектот предвидува и намалување на административните процедури и трошоци.  Од Владата нагласуваат дека со ваквиот нов пристап се очекува зголемена наплата на персоналниот данок на доход за околу 50 отсто.

М.В