/ Прочитано:

712

Покрај гласачкото, ќе се пополнува и обложувачко ливче: Српските обложувалници објавија коефициенти за изборите

Четврток, 13 март 2014 – Граѓаните на Србија ќе може покрај пополнувањето на гласачкото ливче да пополнат и ливче во обложувалница со прогнози за претстојните парламентарни избори.

Најдобри шанси да победи на претстојните предвремени парламентарни избори, има коалицијата на Српската напредна партија, потоа Социјалистичката партија на Србија и Демократската партија.

Новата Демократска партија на Борис Тадиќ се избори за влез на листата над минималниот праг, додека ЛДП води жестока битка  за свое место на обложувачките ливчиња.