/ Прочитано:

2.001

Полицијата синоќа ги привела активистите на „Паркобрани“ пред Бристол

Четврток, 12 септември 2013 – Ноќеска во 1 часот по полноќ, над десет  активисти на граѓанската иницијатива „Паркобрани“ се приведени во голема полициска акција во паркот спроти „Бристол“ во Центар.

Откако се приведени, против нив се поднесени прекршочни пријави за нарушување на јавната чистота, а утрово се пуштени на слобода. Меѓу приведените биле еден советник во општината Центар, како и директор на јавното претпријатие „Паркинзи Центар“. Во станицата на полицијата во Кисела Вода пристигнале градоначалникот на Центар Андреј Жерновски и претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ.

Според кажувањата на активистите, полицијата во голем број влегла во просторот каде  тие го чувале паркот од натамошно уништување и сечење на дрвја, ги привела лицата кои се наоѓале на лице место, а потоа од паркот биле отстранети шаторите и просторот е ограден. 

Во центарот на градот сè уште е забележливо зголемено полициско присуство и блокирани улици.