/ Прочитано:

784

Полицијата соопшти детали за двократното убиство во Охрид

Петок, 22 август 2014 – По синоќешното двојно убиство во угостителски објект на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид, Секторот за внатрешни работи поднесе кривични пријави против две триесетгодишни лица од Охрид, поради постоење основи на сомненение за сторено кривично дело „Убиство“ и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Синоќа околу 23 часот на летната тераса од угостителскиот објект „Император“, 30-годишен охриѓанец кој е во бегство, со истрели од огнено оружје кое нелегално го поседувал, смртно застрелал две лица.

Како што информираат од СВР Охрид, двајцата пријавени во објектот пристигнале со моторно возило „БМВ“, сопственост на приведениот. На летната тераса се случила кратка и жестока вербална расправија помеѓу осомничениот за убиството и сега почитаниот Р.Г., на кого му биле нанесени неколку удари со рака во пределот на лицето.

Во еден момент, осомничениот испукал куршум кон Р.Г., погодувајќи го во пределот на рамото. Тешко повредениот се обидел да бега кон рецепцијата на хотелот „Император“, но притоа бил погоден со уште два куршуми. Во близина на хотелската рецепција, осомничениот бил пресретнат од В.Р. сопственик на објектот, кон кого испукал уште еден куршум погодувајќи го во пределот на градниот кош.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По стореното дело, осомничениот истрчал кон летната тераса, каде со автомобил го чекал сега приведениот.

По извршените претреси по налог на судија во претходна постапка, во домот на приведениот пронајдени се и одземени 16 куршуми различен калибар. Предметите се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.“ – велат од СВР Охрид.

Двете пријавени лица се познати на службата и против истите досега биле поднесувани кривични пријавни.

Инаку, на местото на настанот беше извршен криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи. Причните за овој немил настан кој ја потресе охридската јавност се уште се непознати