/ Прочитано:

1.755

Полициска акција во Ваксинце – откриени стотина мигранти

Четврток, 11 јуни 2015 – Полицијата од рано изутрината спровла акција во кумановското село Ваксинце, каде што илегално престојувале голем број илегални мигранти.

Од МВР потврдуваат дека акцијата е завршена. Според првичните информации, откриени се околу 120 илегални мигранти, од кои триесетина биле сместени по куќи во селото.

Против лица од Вакцинце за кои ќе се утврди дека криумчареле мигранти ќе бидат поднесени кривични пријави.

Во акцијата е пронајдено и едно лице кое се барало по потерница за извршено убиство. Повеќе информации за случувањата во Ваксинце, МВР најавува во текот на денот.

Акцијата следува по информациите објавени на британската телевизија „Channel 4 News“ која објави прилог во којшто известува дека организирана криминална група оперира во Македонија и секојдневно киднапира мигранти и ги држи како заробеници, барајќи им да платат откуп.