/ Прочитано:

1.793

Поранешен вработен во Царинската управа пред домот на Ванчо Каргов со нож се заканувал дека ќе го убие

Понеделник, 7 април 2014 – Ванчо Каргов, поранешен директор на царината, кој сега е на чело на Инспекцискиот совет, деновиве добивал смртни закани од поранешен вработен во царината, пренесува Канал 5.

Според информациите, заканите доаѓале од поранешен вработен во Царинската управа, кој во последниве пет дена на два пати директно му се заканувал на функционерот дека ќе го убие. Заканувачот пред два дена се појавил на вратата од домот на Каргов, и се заканувал дека ќе го убие, вознемирувајќи ги и соседите.

Првата закана Каргов ја добил пред пет дена, а како што наведува Обвинителството, заканувачот со себе носел и нож.

Поранешниот директор на царината и актуелен челник на Инспекцискиот совет, случајот го пријавил во МВР, а потоа преку скопското обвинителство предметот бил процесуиран во судот.

По итна постапка врз основа на признание, лицето добило условна казна од две години затвор со можност да не заврши зад решетки доколку не направи кривично дело во наредните пет години.