/ Прочитано:

1.862

AПЕЛАЦИЈА ЈА ПОТВРДИ ПРЕСУДАТА ЗА „АГЕНТ“: Три години затвор за Томановиќ, по две за Пешликоски и Богоевски

Вторник, 2 декември 2014 – Скопска Апелација ја потврди првостепената пресуда за „Агент“ со која на затворска казна од 3 години за финасиски малверзации беше осуден адвокатот Васко Томановиќ, додека поранешниот разузнавач Слободан Богоевски, адвокатот Владо Пешликоски и преставникот на „Меркатор“ Митја Валич, кому му се судеше во отсуство, добија по две години затвор. Тие, покрај казната затвор, ќе треба да ја надоместат отштетата од околу 940.000 евра, средства кои, според пресудата, се смета дека се стекнати со дејство на кривичните дела злоупотреба на службената положба и перење пари. 

„Судот ги разгледа жалбените наводи содржани во жалбите на обвинетите за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од чл.381 ст.1 т.11 од ЗКП на околности дека во пресудата не се утврдени решителни факти, не се дадени причини за истите, дека одредени факти се утврдени спротивно на содржината на изведените докази, во конкретниов случај се работи за облигационен однос помеѓу приватни субжјекти, и дека судот не направил правилна анализа на сите изведени докази, дека првостепениот суд ги ценел и ги прифатил само оние докази што одат во прилог на обвинението и дека поради тоа донесената пресуда е нејасна, неразбирлива, контрадикторна и не може во целост да се испита, меѓутоа истите не ги прифатил за основани. Имено, по оценка на овој суд, обжалената пресуда не содржи такви недостатоци поради која не множе да се испита во однос на нејзината правилност и законитост, истата е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволни причини за утврдените решителни факти и завземените правни ставови на судот“, се вели во пресудата на Апелациониот суд Скопје.

Во образложението на второстепениот Суд, исто така се додава: „Првостепениот суд во пресудата извршил анализа на доказите изведени на главниот претрес и истите ги ценел како поединечно така и во склоп на нивна меѓусебна поврзаност. По извршената анализа на доказите, првостепениот суд ги утврдил правно релевантните факти од кои се раководел при донесувањето на пресудата, во образложението навел аргументирани причини за фактите што ги цени како докажани, од кои докази ги утврдил тие факти, од кои причини се раководел при решавање на правните прашања и кои околности ги земал во предвид при одредувањето на висината на кривичните санкции, во смисла на чл.374 ст.6 од ЗКП, па пресудата може во целост и со сигурност да се испита“.

Во предметот им се судеше и на  уште две лица, за кои, пак, е потврдена условна казна во траење од две години која нема да се реализира доколку  доколку во наредните 4 години не сторат ново кривично дело. 

Со првостепената пресуда судот им го укина притворот на сите обвинети и донесе одлука тие да се бранат од слобода до правосилноста на пресудата.

Од одбраната за АКАДЕМИК, велат дека не можат да ја коментираат одлуката на Апелација, бидејќи истата  се’ уште не ја добиле.

Судењето за „Агент траеше два месеца. Шесттемина обвинети се товареа дека преку фиктивни договори и фиктивни фирми ќерки на кипарски „Централ балкан инвестмент“ и словенечки „Меркатор“ переле пари. Тие го негираа обвинението и тврдеа дека со договорот за купопродажба на лацот со површина од 19.000 квадратни метри во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, ја спасиле Македонија од тужба пред арбитражен суд бидејќи продала земјиште што било за денационализација.

Е. П. / pavlovskae@akademik.com.mk