/ Прочитано:

960

Потврдено: Четирите момчињата од Србија биле отруени со јаглен-моноксид

Петок, 11 јануари 2012 – Резултатите од обдукцијата на телата на четирите момчиња кој вчера беа пронајдени во викендичка во близина на Параќин, покажале дека станува збор со труење со јаглен-моноксид.

Допрва ќе се утврдува од каде потекнувал гасот, дали од согорувањето во печката на дрва или од агрегатот на нафта, што е поверојатно, јавуваат српските медиуми. 

Момчињата на возраст од 17 и 20 години беа пронајдени вчера изутрина од таткото на еден од нив.