/ Прочитано:

2.208

Повик за 10-дневна тренинг програма за спроведување на правдата во Холандија

Во рамки на својата програма на обуки за владеење на правото „Матра“, Холандската амбасада објавува повик за 10-дневна тренинг програма на тема „Спроведување на правдата“, од 7 до 16 јуни 2017 година, известуваат од Здружението на судии на РМ. Тренинг програмата ќе се спроведе во Лајден и Хаг.

 
Програмата е наменета за судии со искуство заинтересирани за судски менаџмент и одговорности за организација во спроведување на правдата. Вкупниот број учесници е 36 судии, од 10 различни земји и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија, Турција и Украина.
 
Холандската влада обезбедува целосна стипендија за избраните учесници. Краен рок за аплицирање е 25 април (вторник), на следниов линк: http://www.nhc.nl/topics/matra_rule_of_law_training_programme/application_procedure_administration_of_justice/

Во прилог е брошурата со детални информации за програмата.

Matra ROLT brochure Administration of justice.pdf