/ Прочитано:

1.062

Повик за учесници на „ШКОЛА ПРОТИВ ГОВОР НА ОМРАЗА“

Среда, 27 август 2014 – Центарот за Меѓукултурен дијалог трета година по ред огранизира обука за младински работници, студенти, активисти кои се мотивирани да ги развијат своите вештини во справување со говорот на омраза. Обуката се организира со техничка поддршка на мисијата на ОБСЕ во Македонија, со финансиска поддршка на Француската Амбасада.

Обуката се организира во тридела и тоа:

• Првиот дел се реализира во период од 10 ти Септември до 5 ти Октомври кој претставува онлајн запознавање на учесниците преку интерактивни активности и истражување на темата во своите локални средини (средини во кои живеат/дејствуваат);

• Вториот дел претставува обука која ќе сеодржи од 8.10 – 12.10.2014. На обуката ќе се презентираат истражувањата на учесниците, ќе се одржат работници , предавања на различни теми и ќе се работи на планови за третата фаза;

• Третиот дел претставува организирање на кратки активности на учесниците на обуката во средините во кои работат и делуваат во врска со темата на обуката. По одржувањето на кратките активности ќе се организира еднодневна средба во Скопје за сумирање на сработеното и размислување за идни планови.

Центарот за меѓукултурен дијалог го организира овој настан со цел:

• Подигање на свест за говор на омраза и неговите можни последици, особено за младите луѓе;

• Претставување на концептот на образование за човекови права и едукација за нив;

• Поттикнувње на младите да ја изразат својата креативност со што ќе промовираат толеранција и вклученост, преку интернет алатки;

• Запознавање на учесниците со придобивки и можности од активно граѓанство и охрабрување на младински активизам.

За да учествувате во школата против говор на омраза треба:

• Да сте над 18 години;

• Да сте во можност да учествувате во текот на целата обука, и по обуката активно да се вклучите во спроведување на активности;

• Да се студенти, младински работници и/или едукатори, претставници на младински организации од Македонија, активисти;

• Да имаат основни познавања за организирање на образовна активност како на пример работилница;

• По завршување на обуката да се во можност за реализација на кратка активност во околината во која дејствуваат;

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат пополнувајќи го формуларот тука.

 Крајниот рок за пријавување е 10 Септември 2014 година.

Повеќе информации можете да најдете на следниве места:

тел: 078 350 176 или по -маил matej@cid.mk и/или milos@cid.mk