/ Прочитано:

895

Повлечени обвиненијата против осомничениот за испраќање на писма со отров до Обама

Среда, 24 април 2013 – Oбвиненијата против Пол Кевин Кертис, од државата Мисисипи, кој беше осомничен дека испратил писма со отровот рицин до претседателот Барак Обама и американскиот сенатор Роџер Викер се повелечени  откако властите добиле „нова информација“.

Според адвокатот на Кертис, цитиран од Си-Ен-Ен, тоа се случило откако властите добиле „нова информација“.

Четириесет и петгодишниот, Пол Кевин Кертис, кој беше обвинет за испраќање на писмата што соддржеа закани „дека ќе го одземе животот или физички ќе го повреди“ претседателот, вчера е пуштен на слобода под гаранција.

Тој кажа дека го почитува Барак Обама и дека никогаш не би се обидел да му наштети. Според адвокатот на Кертис, тој е набеден. Кертис беше уапсен минатата среда во државата Мисисипи два дена откако писмото до републиканскио сенатор Роџер Викер, позитивно реагираше на отровот рицин. Подоцна беше откриено слично писмо и до претседателот Обама.