/ Прочитано:

1.200

Поврзаноста на адвокатурата со проектниот менаџмент

Проектниот менаџмент претставува и збир од знаења, способности и техники за остварување на конкретна цел или проект кој треба да биде подготвен и раководен ефективно и ефикасно. Професионалецот што го работи ова треба да биде добро организиран, стратешки поткован со знаења, овозможувајќи одреден проект да се оствари во одреден временски рок според однапред подготвена методологија.

Адвокати менаџмент

Проектниот менаџмент претставува управување со проекти, стапување во контакт со потенцијалните клиенти, нудење професионални услуги, кој полека го зазема своето место во правната сфера. Менаџерите што работат во оваа област сè почесто работат заедно со адвокатите и претставуваат движечка сила во преговорите што ги водат со клиентите или со инвеститорите, во зависност од зделката која треба да се случи.

Како појаснување, проектниот менаџмент, исто така, претставува и збир од знаења, способности и техники за остварување на конкретна цел или проект кој треба да биде подготвен и раководен ефективно и ефикасно. Професионалецот што го работи ова треба да биде добро организиран, стратешки поткован со знаења, овозможувајќи одреден проект да се оствари во одреден временски рок според однапред подготвена методологија.

Правните фирми, исто така, треба да се подготвени во оваа област, особено големите адвокатски канцеларии кои својата дејност ја остваруваат во деловното право. Во САД, според професорот и адвокат Марк Коен, тие однапред имаат фиксирано цена на својата услуга, но честопати знаат да бидат и флексибилни во зависност од сериозноста на проектот, во зависност од клиентот и од специфичноста на работата. Проектните менаџерите, најчесто како учесници во преговорите, ги советуваат адвокатите за она што треба да биде навреме завршено, за начинот на кој треба да се одвива процесот и конечно можеби за најважната компонента – колку ќе чини сето тоа. Менаџерите треба да ги осигурат адвокатите дека целата зделка треба да се одвива според предвидениот план, но и да ги предупредат на можните правни ризици кои можат да се појават во текот на преговорите.

Професорот Коен дава совет и до правните факултети за воведување на нов наставен предмет во склоп на правните предмети – Управување со процес. Тој смета дека менаџерските способности во блиска иднина ќе бидат важни за способностите на новите генерации адвокати бидејќи клиентите постојано ќе ги зголемуваат своите барања, ќе бараат ефикасно да им биде завршена одредена работа која е поврзана со правните услуги. Проектниот менаџмент е важен елемент во правната едукација на студентите по право, пред сè, за да ја разберат својата вредност како идни адвокати и да ги определат своите приоритети кога ќе почнат со својата адвокатска пракса.