/ Прочитано:

1.338

Познат скопски адвокат приведен заради издржување на затворска казна

Петок, 10 јануари 2014 – Полицијата приведе и спроведе на издржување затворска казна познат адвокат од Скопје. Од МВР за Академик изјавија дека се работи за адвокатот Кирил Смичковски.
Како што информираат од полицијата, адвокатот е осуден на 2 години затвор за делото измама и ќе ги издржува во затворот во Идризово.
Полицијата го спровела вчера откако пресудата на скопскиот суд станала правосилна.

Адвокатот  бил активен во повеќе познати судски случаи меѓу кои и во „Раштански лозја“.