/ Прочитано:

1.434

Правилник за висината и начинот на определување на реално направените трошоци во прекршочна постапка пред прекршочниот орган на УЈП

На 8 август 2016 година, министерот за финансии донесе Правилник за висината и начинот на определување на реално направените трошоци во прекршочна постапка пред прекршочниот орган на Управата за јавни приходи.

foto

Висината на реално направените трошоци во прекршочната постапка пред прекршочниот орган на Управата за јавни приходи изнесува 250 денари за секоја прекршочна постапка. Во членот 3 овој Правилник ги утврдува и реално направените трошоци кои се определуваат врз основа на трошоците за:

– препорачана достава на писменото во прекршочната постапка;
– коверт/плик (голем, среден и мал) и
– хартија користена во прекршочната постапка (А4 формат).

Правилникот е објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 151/2016 на 11 август, а  влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.