/ Прочитано:

2.590

ПРАВОСУДЕН ИСПИТ: Објавени се студиите на случај по кривично право и Програмата за полагање на поправните испити по старата програма

Четврток, 29 јануари 2015 – Министерството за правда ги објави студиите на случај по кривично право  за правосудниот испит што се полага по електронски пат, како и Програмата за полагање на поправни испити од правосудниот испит по старата програма во февруарската испитна сесија 2015 година.

Студиите на случај по предметот Кривично право се објавени на веб-страницата e-prasanja.mk.

Правосудниот испит во декемвриската сесија започна да се полага во електронска форма. Испитот се спроведува во Центарот за полагање на правосудниот испит АССЕЦО.

Поправните испити по старата програма во февруарската испитна сесија, пак, ќе се одржат во Апелациониот суд Скопје и тоа писмениот дел ќе се полага на 3 февруари, додека усниот на 4 и 5 февруари.

  >> ПРАВОСУДЕН ИСПИТ: Објавени студиите на случај по граѓанско право