/ Прочитано:

3.886

ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ ОД АСПЕКТ НА ЕСЧП: второ најчесто повредувано право, по правото на фер постапка

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) и Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП, организираше Советување на тема „Почитување на правото на сопственост – членот 1 од Протоколот 1 на ЕКЧП“.

akademik..

Предавачите на советувањето Холгер Хембах, адвокат од СР Германија и м-р Даница Џонова од Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, нагласувајќи го значењето на правото на сопственост од аспект на ЕСЧП, истакнаа дека приближно 13 % од случаите во кои Европскиот суд за човекови права во периодот помеѓу 1959 и 2014 година утврдил повреда на Европската конвенција за човекови права се однесувале на членот 1 од Протоколот 1 на Европската конвенција за човекови права. Оттука, правото на сопственост претставува второто најчесто повредувано право што го регулираат конвенциите, по правото на фер постапка, во согласност со членот 6.

akademik..

„За засегнатото лице повредите на правото на сопственост често се мошне тешки бидејќи се поврзани со трајни и честопати со значителни материјални штети. Во обратен случај, и државата, против која е упатена жалбата, може да има тешки последици доколку Врховниот суд утврди повреда на правото на сопственост. Според членот 41 од Европската конвенција за човекови права, Врховниот суд може да му утврди праведен надомест на поднесувачот на жалбата под одредени услови. Членот 1 од Протоколот број 1 претставува еден од ретките регулативи за чија повреда Европскиот суд за човекови права на повредената странка редовно ѝ изречува надомест на материјалната штета. Во зависност од повредата за која станува збор, сумите за настанатата штета можат да бидат значителни. Освен тоа, пресудите на Врховниот суд во однос на ваквите прашања честопати се однесуваат на констелации што се среќаваат во голем број случаи и честопати со себе повлекуваат паралелни постапки на национално ниво“, беше истакнато на Советувањето.

akademik..

Членот 1 од Протоколот број 1, кој го гарантира правото на заштита на сопственоста, содржи три засебни правила кои се меѓусебно поврзани. Првото правило е од општ карактер и го изразува принципот на мирно уживање во сопственоста. Второто правило го покрива лишувањето од владение и го прави предмет на одредени услови, додека пак, Третото правило препознава дека државите потписнички имаат право, меѓу другото, да ја контролираат употребата на сопственоста во согласност со општиот интерес. Секоја интервенција во правото на сопственост мора да биде во пропорционален однос со целта.

На Советувањето беше образложено дека е од особено значење да се сфати дека според членот 1 од Протоколот број 1 кон Европската конвенција за човекови права не произлегува правото на поединецот, според кое неговата сопственост е заштитена од секој вид загрозување и дека не е обврска на државата да ја заштити таа сопственост секогаш и под сите околности.

akademik..

Како што подвлече германскиот адвокат Хембах, Европскиот суд за човекови права во случаите што се однесуваат на правото на сопственост најпрво испитува дали тоа право влегува во доменот на заштита на сопственоста или претставува интервенција.

„Најбитниот предуслов за оправдување на интервенцијата во сопственичкото право е неговата правна легитимност, а секоја интервенција во правото на сопственост мора да биде во пропорционален однос со целта, која е легитимна, и која се сака да се постигне. Членот 1 од Протоколот број 1, исто така, бара секое попречување да биде разумно, сразмерно со целта што треба да се реализира. Неопходната праведна рамнотежа нема да биде постигната онаму каде што засегнатата личност носи индивидуален и преголем товар“, беше образложено на Советувањето.

akademik..

Во таа насока, на Советувањето беше потенцирано и дека значајна група случаи на позиции и интереси, кои се заштитени како сопственост со членот 1 од Протоколот број 1, е прашањето на т.н. „легитимните очекувања“. Според Европскиот суд за човекови права, „владението“ може да биде „стварно владение“ или имот, каде што спаѓаат и побарувањата во врска со кои барателот може да тврди дека тој или таа има барем „легитимно очекување“ да добие ефективно уживање на правото на сопственост.Судот начелно ги признава авторските права како право на сопственост, во смисла на членот 1 од Протоколот број 1 кон Европската конвенција за човекови права, а посебен акцент е ставен и на пензиските барања.

М.В