/ Прочитано:

991

Предлог на закон за дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Среда, 11 јули 2012 – Предлог на закон за дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер предлгаат пратеници на опозицијата. Со ова законско решение кое денеска е на дневен ред на пленарана седница на Собранието, предлагачите бараат сите граѓани и економски субјекти во земјава да имаат увид колкав е јавниот долг на Република Македонија. 

Јавниот долг на органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и сите останати јавно-правни субјекти во државата е инфомација што ја засега јавноста, сметаат предлагачите. Според нив, информирањето на јавноста за долгот на државата и државните субјекти кон трети лица би требало да претставува надлежност на Министерството за финансии.

Со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, граѓаните можат да добијат информација од јавен карактер во секое време, но не е постигната целта на едно задоволително ниво, според предлагачите  нема доволно транспарентност и тоа се покажувало со големиот број на барања кои што се доставувале  до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Според предлагачите, на барањата, институциите не одговарале, а ниту пак Комисијата реагирала. Според нив со ова законското решение кое се предлага ќе се зголеми транспарентноста во делот на тоа што значи информација која што може да биде од јавен карактер. Во предлогот стои дека инстутуциите треба на својата веб страна да го објават нивниот јавен долг.