/ Прочитано:

973

ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ПРОТИВ ДАВАЧКИТЕ ЗА GPRS КАСИ: Пратенички групи бараат фирмите да се ослободат од давачките и да се намалат глобите

Понеделник, 23 ноември 2015 – Пратениците од опозициските парламентарни групи поднесоа Закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, со кој бараат Фирмите да се ослободат од давачките за GPRS каси.

Во законското образложение се вели дека со постоечкото законско решение се врши „нов арач на малите и средните претпријатија“ затоа што им се  возможува на производителите и лиценцираните трговци со фискални апарати од сите правни субјекти, коишто мораа да воведат GPRS фискални каси, да плаќаат нова давачка од 60 евра на годишно ниво за сервисирање на GPRS врска.

„Со ова законско решение ќе им се овозможи на правните субјекти и физичките лица кои што обавуваат дејност да се ослободат од давачка од 60 евра и на даночниот обврзник ќе му се овозможи доколку направи прекршок кон државата – преку работа, а не затварање на неговиот објект да може да ја плати глобата“, се вели во законското образложение.

Според законското образложение, за новите давачи за фирмите се дополнителен удар затоа што прво се наметнaлe трошоци и обврска претпријата да имаат по две фискални каси, па потоа се вовеле казни од по 3.000 евра за непоседување на вакви GPRS фискални каси, а сега и, како што се вели во образложението, дополнителни по 60 евра за сервисирање на истите.

Со измените од Предлог – законот се предвидува  ослободување на даночните обврзници од дополнителен трошок за постојана комуникација со серверот на УЈП преку мрежата на мобилните опереатори.

„Сервисирањето на фискалната апаратура во врска со GPRS терминалот и крипто модулот се врши без надоместок“, се вели во предложените законски измени.

Исто така, со новото предлог законско решение се бара да се овозможи на даночниот обврзник кај кого е констатирана незаконитост да нема забрана за вршење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена за даночен обврзник правно лице и 15 дена за даночен обврнизк физичко лице затоа што во другите членови од овој закон се пропишани обврски за плаќање на глоба, до плаќање на глобата. Се предлага намалување на глобите во членовите со што дополнително ќе се намали негативната финансиска импликација врз даночните обврзници-правно лице и трговец поединец.

„Со предложеното законско изменување на членот 16 предлагаме да се намалат трошоците во врска со доставуваните договори за наводно сервисирање на ГПРС терниналот и КРИПТО модулот за даночните обврзници во висина од 60 евра, закој што трошок сметаме дека е непотребен на грбот на даночните обврзници.

Ова го предлагме од причина што Управата за јавни приходи се покажа како ненадлежна и не презеде никаков чекор кон разјаснуавње на поплаките кои што ги имаа даночните обврзници, а во врска со договорите од лиценцираните производители – трговци на фискална апаратура.

Измените во членот 20 се однесуваат на бришење на казната со која даночните обврзници покрај плаќањето на глобата им беа затворени и деловните простории што сметаме дека не допридонесува ниту за економски развој ниту да може даночниот обврзник без да ја обавува дејноста да плати казна и други давачки кон државата.

Со измените во член 21 ги намалуваме казните за 50% бидејќи сметаме дека за нашето стопанство и нашата економија посебно за малите и средни претпријатија, постоечките глоби се превисоки.

 Со измените во член 21-а ги намалуваме казните за 50% бидејќи сметаме дека за нашето стопанство и нашата економија посебно за малите и средни претпријатија, постоечките глоби се превисоки. Со измените во член 21-б  ги намалуваме казните за 50% бидејќи сметаме дека за нашето стопанство и нашата економија посебно за малите и средни претпријатија, постоечките глоби се превисоки.

Со измените во член 21-г  ги намалуваме казните за 50% бидејќи сметаме дека за нашето стопанство и нашата економија посебно за малите и средни претпријатија, постоечките глоби се превисоки.

Со членот 22 сметаме дека треба да се брише бидејќи не сме за затворање на даночните обврзници кои ќе ја платат глобата, бидејќи не им обезбедуваме од каде истата да ја платат“, се вели во законското образложение.

M.В