/ Прочитано:

1.087

Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик (затворен)

Вторник, 4 ноември 2012 – Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик e на прво читање на Законодавно-правна комисија. Предлагачи на законското решение се пратеници од опозицискиот блок. Целта на Предлог-законот како што се наведува е преку  усогласување со препораките дадени од страна на ОБСЕ/ОДИХР да се овозможи спроведување на начелата на еднакво избирачко право, слободно формирање на изборната волја кај граѓаните, транспарентно финансирање на изборните кампањи, фер услови за финансирање на изборните кампањи, а со тоа и фер изборна трка, делотворни механизми за контрола на финансирањето на изборните кампањи, делотворни правни лекови за заштита на избирачкото право и сл.

Причини за донесување на законот

По завршувањето на парламентарните избори во 2011 година, ОБСЕ/ОДИХР изготви извештај во кој даде дваесет и осум препораки за подобрување на изборниот процес. Еден поголем дел од тие препораки се однесуваат на потребата од измена на Изборниот законик, со цел да се создадат законски претпоставки за спроведување на фер изборен процес во Република Македонија. Според предлагачите, овој Предлог-закон за измена и дополнување на Изборниот законик ги адресира тие препораки на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, содржани во Конечниот извештај за изборите одржани во 2011 година. Целта на предложени законски измени е:

  • да се создадат законски предуслови за превенирање на инхерентниот конфликт на интерес кој се јавува меѓу извршните позиции на власта, за кои е потребна независност и позицијата кандидат на изборите:
  • да се спроведе целосна ревизија и исправка на избирачкиот список;
  • поефикасно одлучување на судовите по приговорите поднесени од страна на Советот за радиодифузија, против радиодифузерите во текот на изборната кампања, како и гарантирање на ефикасен правен лек на радиодифузерите во случај кога им се повредени правата;
  • да се обезбеди еднакво избирачко право на избирачите кои гласаат во земјата и оние кои гласаат надвор од Република Македонија;
  • да се обезбеди избирачко право на членовите на избирачките одбори во ДКП;
  • да се обезбеди транспарентност во работата на ДИК;
  • да се обезбедат поделотворни механизми за ревизија на финансиските извештаи за финансирање на изборната кампања;
  • да се отстранат дискриминаторските норми и практики во финансирањето на изборните кампањи, како и разликите во висината на донациите од правните лица;
  • да се воспостават делотворни правни лекови за заштита на избирачкото право;
  • да се отстранат други недостатоци и двосмислености во Изборниот законик.

Во смисла на отстранување на двосмисленостите во Изборниот зкаоник, во овој предлог е содржан е предлогот на ЗНМ, медиумите да не можат да се јават како донатори на изборна кампања. Имено, во досегашните законски решенија од една страна постоеше одредба дека радиодифузерите и печатените медиуми се должни на сите учесници во изборниот процес да им обезбедат рамноправен пристап за платено политичко рекламирање, а од друга страна се дозволуваше медиумите да даваат попусти на организаторите на изборна кампања.

– „Со тоа, одредбата која содржеше можност медиумите да даваат попусти, односно донации беше во спротивност со одредбата за рамноправен пристап за платено политичко рекламирање“, се наведува во предлог-закон.

Со овој Предлог за измена и дополнување на Изборниот законик се предлага и намалување за 50% на вкупниот лимит на дозволени трошоци за изборна кампања. Имено се предлага наместо сегашните 180 денари по запишан избирач, организаторите на изборната кампања да можат да потрошат 90 денари по запишан избирач.

/ Прочитано:

0

Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик (затворен)

Петок, 30 ноември 2012 – Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик e на прво читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Предлагачи на законското решение се пратеници од опозицискиот блок. Целта на  Предлог-законот како што се наведува е преку  усогласување со препораките дадени од страна на ОБСЕ/ОДИХР да се овозможи спроведување на начелата на еднакво избирачко право, слободно формирање на изборната волја кај граѓаните, транспарентно финансирање на изборните кампањи, фер услови за финансирање на изборните кампањи, а со тоа и фер изборна трка, делотворни механизми за контрола на финансирањето на изборните кампањи, делотворни правни лекови за заштита на избирачкото право и сл.