/ Прочитано:

2.269

Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик (СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Среда, 10 април 2013 – Предлог-законoт за изменување и дополнување на Кривичниот законик е на второ читање на собраниска седница. Со измените се предвидува усогласување на одредбите на Кривичниот законик со одредбите на Законот за кривичната постапка, потоа изменувања и дополнувања со кои посебен акцент се става на нуклеарните, радиоактивните и опасни материи или штетни организми и се доуредуваат одредбите за финансирање на тероризам, насилство на спортски натпревари и лажирање на спортски натпревари. 

Објаснување на содржината на одредбите на предлог законот

Предлогот на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик содржи   9  члена.

  • Со членот 1 од предлогот се менува членот 40 од Кривичниот законик. Овој член ја уредува материјата за ублажување на казната. Имено, се предвидува дека судот може на сторителот на делото да му одмери казна под границите пропишани со закон или да примени поблаг вид казна. Предвидени се два случаја кога судот може да ја ублажи казната. Во првиот случај, сторителот може да се казни поблаго ако е тоа изрично предвидено со закон, и вториот случај кога судот ќе утврди дека постојат особено олеснувачки околности кои укажуваат дека и со ублажената казна може да се постигне целта на казнувањето. На овие одредби од предлогот се додава нов став (2) кој предвидува дека судот може да изрече поблага казна во границите за ублажување на казна од член 41 и кога согласно законски пропишаната постапка за спогодување меѓу јавниот обвинител и осомничениот е постигната спогодба за применување на поблага санкција од санкцијата пропишана за кривичното дело со законот. Со оваа одредба се усогласуваат одредбите на Кривичниот законик со одредбите од новиот Закон за кривичната постапка. Со новиот закон за прв пат се воведува институтот спогодување на вина. Со овој институт е предивено е дека до поднесување на обвинение, јавниот обвинител и осомничениот можат да поднесат предлог – спогодба со која бараат од судијата на претходна постапка да се примени кривична санкција определена според видот и висината, во законски определени рамки за конкретното кривично дело, но не под границите за ублажување на казната определена со Кривичниот законик. Предмет на спогодбата е видот и висината на кривичната санкција. Сепак, се постави прашањето за примена на овој институт во пракса. Пред се поради широките рамки на пропишаните санкции во законикот, како и казнената политика која се движи околу предвидениот законски минимум. Казнената политика, разгледана низ судовите во земјата, има дијаметрално спротивни разлики, како во однос на видот, така и во однос на висината на изречената санкција. Со ова, јавниот обвинител на осомичениот не може да му понуди кривична санкција, која според видот и висината сигурно ќе биде пониска од онаа која би му ја изрекол судот, доколку постапката продолжи. Со оваа одредба од предлогот се нуди една формула за решавање на овој проблем, а со тоа и примена на спогодувањето во практика.
  • Со членот 2 од предлогот се менува членот 231. Со измената се врши поделба на основен и квалификуван облик, со тоа што основниот облик во ставот (1) предвидува тој што со сила или закана, со извршување кривично дело или на друг начин неовластено прибави, поседува или му дава на друг нуклеарни и радиоактивни материи. Предвидена е казна затвор од една до десет години.  Новина во овој став се и радиоактивните материи. За овој облик на делото предвидена е казна затвор од една до десет години. Во ставот (2), кој преставува квалификуван облик на делото, детално се разработени и опфатени сите дејствија на извршување поврзани со нуклеарни материјали или други опасни радиоактивни материи, тој што неовластено произведува, преработува, ракува, користи, одржува, чува, транспортира, увезува, извезува, посредува во прометот или отстранува. Услов за овој облик е можноста за предизвикување  значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата или опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на растителниот и животинскиот свет во поголеми размери, или на ретки видови растенија или животни. Предвидена е казна затвор од една до пет години. Со ставот (3) се предвидува одговорност на службено и одговорно лице во правно лице што ќе го овозможи извршувањето на делата од ставовите  (1) и (2). Ставовите (4) и (5) се квалификувани облици, чие настанување е условено со предизвикување на последица. Ставот (6) предвидува делото да е сторено од небрежност, а ставот (7) доколку делото сторено од небрежност предизвика смрт на повеќе лица или штета од големи размери. Предвидена е казна затвор од една до пет години. Последниот став се однесува на правно лице, за кое е предвидена парична казна.
  • Со членот 3 од предлогот се менува насловот и членот 232. Новиот наслов гласи „Неовластено производство, постапување и промет со опасни материи или штетни организми“.  Насловот е усогласен со измената која следи. Ставот (1) предидува тој што спротивно на прописите произведува, преработува, ракува, користи, одржува, чува, пакува, препакува, употребува, транспортира, увезува, извезува или отстранува отровни или други опасни материи или нивни отпадоци, или генетски модифицирани или штетни организми опасни за животот или  здравјето на луѓето, или за  животинскиот или растителниот свет. Со овој член се инкриминираат сите дејствија кои се поврзани со опасни материи или штетни организми кои се опасни за животот и здравјето на луѓето, но и за животинскиот и растителниот свет. Предвидена е казна затвор од една до пет години. Ставот (2) на овој член се однесува на службено или одговорно лице во правно лице што ќе го овозможи извршувањето на делото. Предвидена е казна затвор од една до десет години. Ставот (3) предвидува тој што со делото од претходните ставови  предизвика опасност за животот на луѓето или за имотот од поголем обем или уништување на животинскиот или растителниот свет од поголеми размери, а ставот (4) ако поради делата настапи смрт на едно или повеќе лица. Ставот (5) се однесува на правното лице како сторител на делото.
  • Со членот 4 се дополнува членот 247 „Измама“ со тоа што се додава нов став со кој се пропишува дека со казна затвор од една до десет години ќе се казни тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист, ќе доведе друг во заблуда или ќе го држи во заблуда со лажно прикажување или прикривање факти што се однесуваат на лажиран спортски натпревар или наместен резултат на спортска игра, и со тоа го наведе да стори или нестори нешто на сметка на својот или туѓ имот.
  • Со членовите 5 и 6 од предлогот се дополнуваат членовите 253 и 253 – а, кои се однесуваат на  неовластено примање и давање подароци. Исто така, во овие членови се пропишува одговорност за правно лице. Со овие членови се санкционира и посредникот во примањето и давањето на подарокот, што е најчест случај во лажирањето на фудбалските натпревари. Клучната одредба во членот 253 е ставот (4) во кој е пропишано дека  оганизатор или учесник во спорстки натпревар кој диреткнто или индиректно ќе побара или ќе се согласи да прими за себе или за друг подарок или друга посредна или непосредна корист или ветување или понуда за таква корист со намера да ги запостави интересите на правното или физичкото лице што го организира натпреварот за да се постигне резултат кој не зависи од спортската игра и правилата на спортскиот натпревар, ќе се казни со затвор од една до пет години. Исто така, во однос на неовластеното давање на подароци, во членот 253 – а е пропишано дека тој што директни или индиректно ќе вети, ќе понуди или ќе даде подарок или друга корист или ветување или понуда за таква корист на организатор или учесниок во спортски натпревар со намера да ги запостави интересите на правното или физичкото лице што го организира натпреварот за да се постигне резултат кој не зависи од спортската игра и правилата на спортскиот натпревар, ќе се казни со затвор од една до пет години.
  • Со членот 7 се дополнува членот 386 „Насилство“. Имено, со овој член се внесуваат одредби кои се однесуваат на насилството на спортските натпревари и тоа пред натпреварот, за време на траењето на натпреварот и за време на неговото завршување. Во овој член се пропишани и квалификаторни облици на ова дело, кои како последица имаат предизвикување тепачка, нереди и оштетување на имот од поголема вредност, тешка телесна повреда или смрт на некое лице. Исто така, пропишана е и одговорност за организаторот на спортскиот натпревар и организаторот на групата која го извршува насилството. Со посебен став во овој член пропишана е и санкција за правното лице кое учествувало во натпреварот.
  • Со членот 8 се менува 394 – в кој се однесува на „Финансирањето на тероризам“. Како одговор на сериозната загриженост на меѓународната заедница за финансирањето на тероризмот како фактор кој битно влијае на бројот и сериозноста на актите на меѓународниот тероризам, во Република Македонија за прв пат во 2008 година е инкриминирано „финансирањето на тероризмот“ како посебно кривично дело со член 394-в од Кривичниот Законик. Усогласеноста на одредбите од овој член со одредбите од Конвенцијата на ОН за спречување на финансирање на тероризам и IXте Специјални Препораки за спречување на финансирање на тероризам на ФАТФ се предмет на проценка на Специјалниот комитет на Советот на Европа за оцена на националните системи за спречување на перење пари и финансирање на тероризам- Moneyval Комитетот. Врз основа на Специјалниот Извештајот на Moneyval Комитетот подготвен во 2011 година констатирани се недостатоци во однос на усогласеноста на член 394-в со одредбите од Конвенцијата на ОН за спречување на финансирање на тероризам и 9те Специјални Препораки на ФАТФ. Од овие причини, во насока на усогласување со член 2 од Конвенцијата за спречување на финансирање на тероризам направена е интервенција на првиот став од член 394-в со која се исполнува пропишаната обврска секоја држава да го инкриминира како казниво секое дејствие на лице кое обезбедува или собира средства со намера да се искористат или со знаење дека би можеле да бидат искористени за извршување на дела: кои се определени во анекстот на Конвенцијата или со намера да предизвикаат смрт или тешки телесни повреди на лицата кои не се вклучени во вооружените сили за време на вооружените дејствија, со цел таквите дејствија да предизвикаат несигурност кај населението или да ги примораат органите на државата или меѓународните организации да извршат или да се воздржат од извршување на определени дејствија.Исто така, во насока на усогласување со барањата од Iта Специјална Препорака на ФАТФ се врши измена и дополнување на вториот став од член 394-в со кој се врши инкриминирање не само финансирањето на терористичките акти, туку и финансирањето на терористичките организации и терористи- поединци иако не постои врска со определен терористички акти или акти.Инкриминирајќи го подготвувањето, јавното повикување, договарањето, создавањето на група или банда за извршување на делата од овој член, законодавецот создава широка палета на казнено- репресивни алатки кои ќе придонесат во остварувањето на ефикасни резултати во сузбивањето на тероризмот и финансирањето на тероризмот. Следствено, сметаме дека овие измени ќе доведат до усогласување на член 394-в од Кривичниот Законик со одредбите од Конвенцијата на ОН за спречување на финансирање на тероризам и IXтеСпецијални Препораки за спречување на финансирање на тероризам на ФАТФ, како и исполнување на препораките дадени во  Специјалниот Извештајот на Moneyval Комитетот.
  • Со членот 9 од предлогот се уредува материјата за влегување во сила на овој закон, како и одложната примена на членот 1, кој ќе отпочне да се применува со отпочнувањето на примената на новиот Закон за кривичната постапка.

/ Прочитано:

0

Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик (СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Вторник, 26 февруари 2013 – Предлог-законoт за изменување и дополнување на Кривичниот законик е на второ читање на  Законодавно – правна комисија. Со измените се предвидува усогласување на одредбите на Кривичниот законик со одредбите на Законот за кривичната постапка, потоа изменувања и дополнувања со кои посебен акцент се става на нуклеарните, радиоактивните и опасни материи или штетни организми и се доуредуваат одредбите за финансирање на тероризам, насилство на спортски натпревари и лажирање на спортски натпревари. 

Понеделник, 25 февруари 2013 – Предлог-законoт за изменување и дополнување на Кривичниот законик е на второ читање на  Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Со измените се предвидува усогласување на одредбите на Кривичниот законик со одредбите на Законот за кривичната постапка, потоа изменувања и дополнувања со кои посебен акцент се става на нуклеарните, радиоактивните и опасни материи или штетни организми и се доуредуваат одредбите за финансирање на тероризам, насилство на спортски натпревари и лажирање на спортски натпревари. 

  • Со членот 8 се менува 394 – в кој се однесува на „Финансирањето на тероризам“. Како одговор на сериозната загриженост на меѓународната заедница за финансирањето на тероризмот како фактор кој битно влијае на бројот и сериозноста на актите на меѓународниот тероризам, во Република Македонија за прв пат во 2008 година е инкриминирано „финансирањето на тероризмот“ како посебно кривично дело со член 394-в од Кривичниот Законик. Усогласеноста на одредбите од овој член со одредбите од Конвенцијата на ОН за спречување на финансирање на тероризам и IXте Специјални Препораки за спречување на финансирање на тероризам на ФАТФ се предмет на проценка на Специјалниот комитет на Советот на Европа за оцена на националните системи за спречување на перење пари и финансирање на тероризам- Moneyval Комитетот. Врз основа на Специјалниот Извештајот на Moneyval Комитетот подготвен во 2011 година констатирани се недостатоци во однос на усогласеноста на член 394-в со одредбите од Конвенцијата на ОН за спречување на финансирање на тероризам и 9те Специјални Препораки на ФАТФ. Од овие причини, во насока на усогласување со член 2 од Конвенцијата за спречување на финансирање на тероризам направена е интервенција на првиот став од член 394-в со која се исполнува пропишаната обврска секоја држава да го инкриминира како казниво секое дејствие на лице кое обезбедува или собира средства со намера да се искористат или со знаење дека би можеле да бидат искористени за извршување на дела: кои се определени во анекстот на Конвенцијата или со намера да предизвикаат смрт или тешки телесни повреди на лицата кои не се вклучени во вооружените сили за време на вооружените дејствија, со цел таквите дејствија да предизвикаат несигурност кај населението или да ги примораат органите на државата или меѓународните организации да извршат или да се воздржат од извршување на определени дејствија.Исто така, во насока на усогласување со барањата од Iта Специјална Препорака на ФАТФ се врши измена и дополнување на вториот став од член 394-в со кој се врши инкриминирање не само финансирањето на терористичките акти, туку и финансирањето на терористичките организации и терористи- поединци иако не постои врска со определен терористички акти или акти.Инкриминирајќи го подготвувањето, јавното повикување, договарањето, создавањето на група или банда за извршување на делата од овој член, законодавецот создава широка палета на казнено- репресивни алатки кои ќе придонесат во остварувањето на ефикасни резултати во сузбивањето на тероризмот и финансирањето на тероризмот. Следствено, сметаме дека овие измени ќе доведат до усогласување на член 394-в од Кривичниот Законик со одредбите од Конвенцијата на ОН за спречување на финансирање на тероризам и IXте Специјални Препораки за спречување на финансирање на тероризам на ФАТФ, како и исполнување на препораките дадени во  Специјалниот Извештајот на Moneyval Комитетот.
  • Со членот 9 од предлогот се уредува материјата за влегување во сила на овој закон, како и одложната примена на членот 1, кој ќе отпочне да се применува со отпочнувањето на примената на новиот Закон за кривичната постапка. 

/ Прочитано:

0

Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик (СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Среда, 20 февруари 2013 – Предлог-законoт за изменување и дополнување на Кривичниот законик е на прво читање на собраниска седница. Со измените се предвидува усогласување на одредбите на Кривичниот законик со одредбите на Законот за кривичната постапка, потоа изменувања и дополнувања со кои посебен акцент се става на нуклеарните, радиоактивните и опасни материи или штетни организми и се доуредуваат одредбите за финансирање на тероризам, насилство на спортски натпревари и лажирање на спортски натпревари. 

Пoнеделник, 18 февруари 2013 – Предлог-законoт за изменување и дополнување на Кривичниот законик е на прво читање на собраниска седница. Со измените кои се предвидуваат со овој предлог се врши усогласување со одредбите на Кривичниот законик со одредбите на Законот за кривичната постапка, изменувања и дополнувања со кои посебен акцент се става на нуклеарните, радиоактивните и опасни материи или штетни организми и се доуредуваат одредбите за финансирање на тероризам, насилство на спортски натпревари и лажирање на спортски натпревари. 

Четврток, 29 ноември 2012 – Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик денеска e на прво читање на Законодавно-правната комисија. Целта на овој предлог-закон е кривично правно да се нормираат одредени ситуации кои според предлагачот, Владата на РМ, досега претставуваа правна празнина и во практиката беа можност за одредени злоупотреби. Ова пред се се однесува на кривичното дело „кражба“, потоа кражбата на собрана и дистрибуирана вода за пиење и други предмети во општа употреба, кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас, узурпација на земјоделско земјиште во туѓа сопственост, издавање на задолжница без покритие, усогласување со Законот за ревизија  и вградување на препораката од Извештајот од Третиот круг на оценка  на ГРЕКО. 

Образложение на Предлог-законoт за изменување и дополнување на Кривичниот законик

Предлогот на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик содржи  10 члена.

  • Со членот 1 од предлогот се дополнува членот 122 ставот (17) од Кривичниот законик.  Имено, ставот (17) кој предвидува што се подразбира како подвижен предмет, се дополнува со зборовите „собрана и дистрибуирана вода за пиење и други предмети во општа употреба“. 
  • Членот 2 од предлогот го дополнува членот 225 ставот (1) од Кривичниот законик. Имено, согласно предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во кривичното дело „Узурпација на недвижност“ не е содржана кривична одговорност за противправно користење на земјоделско земјиште во туѓа сопственост. Министерството за правда го разгледа предлогот од надлежното министерство и согласно предложеното го дополни членот 225 од законот со зборовите „или земјоделско земјише во туѓа сопственост“. Воедно, се менува и ставот (2), односно се предвидува доколку делото е сторено со намера земјиштето да се употреби за градба или користење со кое неповратно се уништуваат природните својства на недвижноста, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.
  • Нов наслов и нов член 235 – а „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ се додава со членот 3 од предлог законот. Имено, со предлогот се предвидува кривично санкционирање на противправни дејствија кои што можат да претставуваат сериозна закана за сигурното, безбедното и непрекинато функционирање на енергетските системи.  Со ставот (1) од предлогот, се предлага кривично санкционирање на секој кој што со приклучување без согласност на операторот на енергетски системи преку кој се врши испорака и снабдување на електрична енергија или топлиснак енергија или природен гас, или со превземање пред уред за мерење, со отстранување, онеспосубување, премостување, промени и слично ракување со уред за мерење или на друг начин неовластено користење на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас, со намера за себе или за друг да стекне противправна имотна корист, ќе се казни со затвор до три години и со парична казна. Со ставот (2) се предвидува ако вредноста на украдената електрична енергија, топлинска енергија или природен гас е поголема, сторителот ќе се казни со казна затвор до пет години и парична казна. Ставот (3) предвидува дека обидот за делата од ставовите (1) и (2) е казнив. Ставот (4) се однесува на правните лица.
  • Со членот 4 од предлогот се менува членот 236 ставот (5). Имено, ставот (5) кој предвидува кражба на предмет чија вредност е помала, се дополнува со зборовите „од став (1)“. Измената е како резултат на проблемите со кои се соочува ЈП Македонски железници транспорт АД Скопје.  Имено,  кражбите во железничкиот сообраќај, кои иако од мала вредност, можат да предизвикаат големо  загрозување на безбедноста на сообраќајот, поради што е потребно зголемена кривично правна заштита.
  • Членот 5 предвидува нов наслов и ново кривично дело 274 – а „Издавање на задолжница без покритие“. Со оваа инкриминација се санкционира издавањето на акцептен налог без покритие, кој повеќе не е во употреба во Република Македонија. Со Законот за задолжница се воведува задолжницата како исправа со која должникот дава согласност на денот наведен на задолжницата, плаќањето на неговите обврски кон одреден доверител да се изврши по присилен пат од сите негови сметки. Имајќи го во предвид наведениот закон, Министерството за правда изврши измена на претходно наведениот член.
  • Со членот 6 од предлогот се менува ставот (1) од членот 275 – б од законот. Имено, со предложената измена се врши усогласување со Законот за ревизија со кое е уредено потпишувањето на извештајот за извршена ревизија.
  • Со членот 7 од предлогот се воведува нова инкриминација, односно нов член 284 – а  „Вршење јавен превоз без поседување лиценца“. Имено, на предлог на Министерството за транспорт и врски за воведување на ново кривично дело кое се однесува на вршење на нелегален превоз на патници, Владата на Република Македонија на Деведесеттата седница одржана на 16.10.2012 година донесе заклучок за дополнување на Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик со ново кривично дело. Кривичното дело содржи еден став, со кој се санкционира тој што врши јавен превоз на патници без поседување на лиценца. За сторителот е предвидена парична казна.
  • Со членот 8 се предлага измена со која се имплементира забелешката дадена во Извештајот од Третиот круг на оценка, усвоен на 46-тата Пленарна седница  на ГРЕКО (22-26 март 2010)  и објавен на 30-ти август 2010,  по одобрувањето од страна на  Република Македонија (GRECO Eval III Rep (2009) 6E, Тема I и  Тема II). Имено, согласно Тема I: Инкриминации, од анализата, ГРЕКО констатира дека повеќе не постои задолжително целосно изземање од казна на поткупувачот којашто ќе пријави на органите за спроведување на законот. Оценката на ГРЕКО е дека препораката е адресирана на конструктивен начин. Сепак, ГРЕКО забележува дека враќањето на поткупот на поткупувачот, којшто го пријавил делото пред да биде откриено, е сеуште можно во законот. Поради тоа, ГРЕКО препорачува таквата можност да биде целосно укината, односно судовите да не го враќаат запленетиот поткуп на давателот на истиот. Поаѓајќи од ваквата препорака од Извештајот, со предлогот се бришат зборовите “а во случајот од став (3) кога е ослободено од казна може да му се вратат на лицето кое го дало поткупот.“
  • Со членот 9  се врши техничка корекција на членот и насловот на членот 358 – а.
  • Со членот 10 се уредува материјата за влегување во сила на овој закон. 

/ Прочитано:

0

Предлог закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик (СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Среда, 24 октомври 2012 – Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик е на второ читање на Законодавно-правната комисија. Целта на законското решение е усогласување на Кривичниот законик со  законот кој ќе ја уреди материјата на граѓанска одговорност за клевета и навреда.

Содржина на одредбите на Предлог законот

  • Со членот 1 од предлогот се брише насловот на главата осумнаесетта „Кривични дела против честа и угледот“ и членовите од 172 до 185 од Законикот. „Со ова се воведува нов концепт на одговорност за навреда и клевета, усогласен со препораките на Европската унија, Советот на Европа, како и најновите тенденции во европските законодавства, во контекст на јакнење на слободата на јавно изразување на мислата и определувањето, слободата на медиумите. При акцептирањето на наведеното решение посебно внимание беше посветено на примената на членот 10 од Европската конвенција за човековите права и практиката на Европскиот суд за човекови права. Со бришењето на наведените членови од Кривичниот закон, се воведува концепт на граѓанска одговорност за навреда и клевета уредена во посебен закон што е изготвен во пакет со овој закон“, стои во предложеното законско решение.
  • Со членот 2 од предлогот се менува членот 319. Имено, одредени кривични дела кои се избришани од Главата осумнаесетта „Кривични дела против честа и угледот“ се преуредени во овој член.
  • Со членот 3 се пропишува дека со денот на влегувањето во сила на овој закон се запираат од извршување правосилно изречените казни или надоместоци на штетата за сторени кривични дела од Главата осумнаесетта „Кривични дела против честа и угледот“ од Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.37/96, 80/99, 4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 87/07, 7/08, 139/08, 114/09, 51/11, 135/2011 и 185/2011). Во наведениот член е пропишано и дека кривичните или граѓанските постапки за сторени кривични дела од Главата осумнаесетта „Кривични дела против честа и угледот“ од Кривичниот законик кои се започнати пред влегувањето во сила на овој закон и не се правосилно завршени се запираат, а тужителот во рок од еден месец од приемот на решението за запирање на постапката може да поведе постапка за утврдување одговорност за навреда или клевета и надоместување на штета согласно  закон. Во овој член се уредени и можните случаи ако постапката за кривични дела од Главата осумнаесетта „Кривични дела против честа и угледот“ од Кривичниот законик е правосилно завршена и според одредбите на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка е досудена казна или надоместување на штетата, чиешто извршување не започнало пред влегувањето во сила на овој закон или е запрено со примена на ставот (1) од овој член. Во тие случаи, оштетениот може против извршителот на делото да поведе постапка за утврдување одговорност за навреда или клевета и надоместување на штетата согласно закон (Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета). Во последниот став од овој член е пропишано дека за навреда или клевета сторена пред влегувањето во сила на овој закон, постапката против извршителот на делото може да се поведе со поднесување тужба за утврдување на одговорноста и надоместување на штетата од оштетениот во рок од три месеци од денот кога дознал или требало да дознае за навредливата или клеветничката изјава и за идентитетот на лицето што ја предизвикало штетата, но не подоцна од една година од денот на сторувањето на навредата или клеветата, согласно закон.
  • Со членот 4 одо овој закон се уредува влегувањето во сила на овој закон.

/ Прочитано:

0

Предлог закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик (СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Среда, 10 октомври 2012 – Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик е на второ читање на Законодавно-правната комисија. Целта на законското решение е усогласување на Кривичниот законик со  законот кој ќе ја уреди материјата на граѓанска одговорност за клевета и навреда.