/ Прочитано:

1.618

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за адвокатура (прво читање)

Вторник, 31 јули 2012 – Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за адвокатура се уште е на дневниот ред на пленарна седница на Собранието. Преку измените и дополнувањата, предлагачот, Министерството за правда бара да се усогласат услугите и дејноста на адвокатите со директивите на Европската унија. Меѓу предложените законски измени предвидена е и измена во делот на осигурувањето од одговорност, односно најнискиот износ за осигурување за адвокатите да изнесува 10.000 евра, а за адвокатските друштва 50.000 евра. 

Предложени законски измени

  • Прецизирање на образованието на лицето кое сака да се запише во Именикот на адвокати во Адвокатската комора на РМ според Европскиот кредит трансфер систем;
  • Се прецизира кој може да се запише во Именикот на адвокатски приправници и кога адвокатските приправници го стекнуваат правото да полагаат правосуден испит;
  • Се воведува надлежност на Адвокатската комора да изготвува листа на дежурни адвокати согласно Законот за кривичната постапка;
  • Се пропишува што се уредува со Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија,
  • Се уредува најнискиот износ на осигурување на адвокатите и адвокатските друштва,
  • Се регулира кои адвокатски работи ќе може да ги врши адвокат од држава членка на Европската унија, под кој назив и како ќе го користи називот под кој ќе ја врши адвокатската дејност во Република Македонија, а кој го стекнал во својата матична држава;
  • Се воведува новина со тоа што во Именикот на адвокати може да се запише и државјанин на држава членка на Европската унија;
  • Се пропишува дисциплинска постапка против адвокатот од друга држава членка на Европската унија, кој е запишан во Именикот на странски адвокати и адвокатски друштва;
  • Се пропишува кои документи треба да ги приложи адвокатот од држава членка на Европската унија при уписот во Именикот на странски адвокати и Именикот на странски адвокатски друштва,
  • Се уредува осигурувањето на овие адвокати;
  • Се пропишува кои работи ќе може да ги врши адвокат од држава членка на Европската унија кој е запишан и адвокат од држава членка на Европската унија кој не е запишан во Именикот на странски адвокати;
  • Се уредува и правната заштита на адвокатите од државите членки на Европската унија против одлуките на Комисијата за упис и бришење на адвокати и адвокатски друштва на Адвокатската комора на Република Македонија и против дисциплинските одлуки на Дисциплинската комисија на Адвокатската комора на Република Македонија.

 

/ Прочитано:

0

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за адвокатура (прво читање)

Вторник, 31 јули 2012 – Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за адвокатура е на прво читање на пленарна седница на Собранието. Преку измените и дополнувањата, предлагачот, Министерството за правда бара да се усогласат услугите и дејноста на адвокатите со директивите на Европската унија. Меѓу предложените законски измени предвидена е и измена во делот на осигурувањето од одговорност, односно најнискиот износ за осигурување за адвокатите да изнесува 10.000 евра, а за адвокатските друштва 50.000 евра. 

Предложени законски измени

  • Прецизирање на образованието на лицето кое сака да се запише во Именикот на адвокати во Адвокатската комора на РМ според Европскиот кредит трансфер систем;
  • Се прецизира кој може да се запише во Именикот на адвокатски приправници и кога адвокатските приправници го стекнуваат правото да полагаат правосуден испит;
  • Се воведува надлежност на Адвокатската комора да изготвува листа на дежурни адвокати согласно Законот за кривичната постапка;
  • Се пропишува што се уредува со Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија,
  • Се уредува најнискиот износ на осигурување на адвокатите и адвокатските друштва,
  • Се регулира кои адвокатски работи ќе може да ги врши адвокат од држава членка на Европската унија, под кој назив и како ќе го користи називот под кој ќе ја врши адвокатската дејност во Република Македонија, а кој го стекнал во својата матична држава;
  • Се воведува новина со тоа што во Именикот на адвокати може да се запише и државјанин на држава членка на Европската унија;
  • Се пропишува дисциплинска постапка против адвокатот од друга држава членка на Европската унија, кој е запишан во Именикот на странски адвокати и адвокатски друштва;
  • Се пропишува кои документи треба да ги приложи адвокатот од држава членка на Европската унија при уписот во Именикот на странски адвокати и Именикот на странски адвокатски друштва,
  • Се уредува осигурувањето на овие адвокати;
  • Се пропишува кои работи ќе може да ги врши адвокат од држава членка на Европската унија кој е запишан и адвокат од држава членка на Европската унија кој не е запишан во Именикот на странски адвокати;
  • Се уредува и правната заштита на адвокатите од државите членки на Европската унија против одлуките на Комисијата за упис и бришење на адвокати и адвокатски друштва на Адвокатската комора на Република Македонија и против дисциплинските одлуки на Дисциплинската комисија на Адвокатската комора на Република Македонија.

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, одржана на 17 јули 2012 година,  заменикот на министерот за правда, Билјана Бошковски истакна дека во работната група за изготвување на предлог на законот учествувал и претставник на Адвокатската комора, кој што имал можност да ги изнесе ставовите на комората во однос на предложените измени и дополнувања на Законот за адвокатура. Откако комисијата едногласно констатира дека Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за адвокатура e прифатлив, го предаде на натамошно читање.

 

/ Прочитано:

0

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за адвокатура (прво читање)

Вторник, 17 јули 2012 година – Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за адвокатура е на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Преку измените и дополнувањата, предлагачот, Министерството за правда бара да се усогласат услугите и дејноста на адвокатите со директивите на Европската унија. Меѓу предложените законски измени се воведување на Именик на странски адвокати и Именик на странски адвокатски друштва, но и листа на дежурни адвокати која би ја изготвувала Адвокатската комора. Меѓудругото, предвидена е и измена во делот на осигурувањето од одговорност, односно најнискиот износ за осигурување за адвокатите да изнесува 10.000 евра, а за адвокатските друштва 50.000 евра.

Според предлагачите, адвокатските друштва треба да се запишуваат во посебен именик наречен Именикот на адвокатските друштва. Адвокатите поедници да стојат во Именикот на адвокатите, за странските државјани да се воведат нови именици, Именик на странски адвокати и Именик на странски адвокатски друштва.

Со Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за адвокатура се врши:

  • прецизирање на образованието според Европскиот кредит трансфер систем;
  • прецизност во одлуката кога кандидатот ќе се стекне со правото да полага правосуден испит;
  • прецизност во одлуката кој може да се запише во Именикот на адвокатски приправници;
  • Адвокатската комора да изготвува листа на дежурни адвокати согласно Законот за кривичната постапка;
  • да се уреди  најнискиот износ на осигурување на адвокатите и адвокатските друштва;
  • да се регулира кои адвокатски работи ќе може да ги врши адвокат од држава членка на Европската унија;
  • да се утврди кои документи треба да ги приложи адвокатот од држава членка на Европската унија при уписот во Именикот на странски адвокати и Именикот на странски адвокатски друштва.