/ Прочитано:

971

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за домување ( СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Понеделник, 25 февруари 2013 – Предлог-законот за  изменување и дополнување на Законот за домување е на второ читање на  Комисија за транспорт, врски и екологија. Со Предлог-законот се врши  доуредување на одредени прашања кои со постојниот закон не беа целосно регулирани, се врши терминолошко усогласување на одредени одредби, се даваат нови надлежности на Регулаторната комисија за домување, се наведува во предложеното законско решение од страна на Министерството за транспорт и врски.

Со Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за домување:

  • се врши допрецизирање на одделни одредби од постојниот Закон кои беа недоволно јасни и непрецизни, односно со истите се предвидуваа услови според кои се одземаат лиценци за управители за вршење на дејности за управување со станбена зграда, регулираат односите помеѓу сопствениците на посебните делови во станбена зграда и управителот на станбената зграда, односно претседателот на заедницата на сопственици, како и регулирање на правата и обврските кои настануваат при промена од заедница на сопственици во управител на станбена зграда и пријавување на секоја настаната промена во надлежните институции;
  • се додаваат нови надлежности на Регулаторната комисија за домување во поглед на спроведување на обуки за вршење на дејности за управување со станбени згради за вработените лица во правните лица кои поседуваат лиценца за вршење на дејност на управување со станбена зграда;
  • се предвидува одредба со која на лицата кои неможеле да го остварат ова право по постојниот закон, да  можат да си го остварат своето право како  лица кои користат стан во сопственост на Република Македонија без  соодветен акт за доделување и користење согласно член 16 од Предлогот на законот.