/ Прочитано:

1.471

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки ( СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Четврток, 3 октомври 2013 – Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во второ читање, денеска е на Комисијата за финансирање и буџет. Измените и дополнувањата треба да го уредат профилот на економски оператор на Електронскиот систем за јавни набавки.

  • Се уредува профилот на економски оператор на Електронскиот систем за јавни набавки преку кој значително се олеснува докажувањето на личната состојба на регистрираните економски оператори во постапките што се спроведуваат со користење електронски средства.
  • Се предлага и воведување нов исклучок од примена на законот за нотарски услуги и услуги за извршители со цел да се овозможи примената на материјалните прописи, а имајќи ги предвид специфичните околности при користењето вакви услуги. Исто така, се овозможува исклучување од примената на законот кога договорот се доделува на поврзано друштво.
  • Со предложените измени и дополнувања ќе се зголеми обемот на надлежности на Бирото за јавни набавки во делот на контрола при задолжителното прикачување на тендерската документација на Електронскиот систем за јавни набавки, администрирање на листата на негативни референци и организирање на едукацијата за јавни набавки која е задолжителна за службениците за јавни набавки.
  • Исто така, се воведува експлицитна забрана за групирање на ставки во дел од набавката на начин кој преку одредена ставка би се ограничила конкуренцијата на единствен понудувач за сите ставки во рамки на делот, без оглед дали станува збор за делива или неделива набавка. Имајќи ја предвид ваквата забрана се воведува обврска договорниот орган да побара согласност од Државната комисија за жалби по јавни набавки за да може да го објави огласот за јавна набавка, доколку за поединечна  ставка или целиот дел нема доволно производители или понудувачи кои може да се пријават. Со цел да се спречат злоупотреби кај договорите за набавка на софтверски решенија, се предвидува обврска за преземање сопственост врз изворниот код на софтверското решение што се набавува од страна на договорниот орган, додека во здравствениот сектор се воведува обврска за користење генерички имиња на лековите при нивна набавка.
  • Една од главните новини кои се предлагаат е задолжително прикачување на тендерската документација на Електронскиот систем за јавни набавки со што истата ќе стане достапна во електронска форма во истиот момент кога се објавува огласот за јавна набавка. Со тоа се напушта досегашната востановена пракса тендерската документација да се подига од кај самиот договорен орган и да се наплаќа за истата, што значително ја ограничуваше конкуренцијата и интересот на економските оператори за учество во постапките за доделување договори за јавни набавки. Исто така, а со цел да се овозможи доволно време за подготовка на понудите, во услови на измена на тендерската документација се предвидува и задолжително продолжување на рокот за доставување на понудите или на пријавите за учество за најмалку шест дена.
  • Се доуредува прашањето за учество на група понудувачи во постапките, а особено доколку одреден член на групата сака да се повлече во текот на постапката или пред потпишување на договорот за јавна набавка.
  • Се проширува опфатот на техничкиот дијалог на целата тендерска документација со сите нејзини услови, наместо само на техничките спецификации и се предвидува доставување на записникот од спроведениот технички дијалог до сите економски оператори кои дале свои предлози и коментари. Ова е со цел да се овозможи правото на жалба во оваа фаза што е уредено со подоцнежните членови од овој закон.
  • Исто така, се предлагаат неколку одредби со кои се доуредува издавањето негативни референци и како економските оператори да ги заштитат своите права. Имено, досегашната практика покажа дека овој дел е потребно да се допрецизира со цел да се избегнат недоразбирања и грешки од двете страни во примената на законот.
  • Се предлага објавување на проценетата вредност во огласот за јавна набавка со цел понудувачите да имаат одредена индикација за средствата кои договорниот орган ги планира за реализација на предметниот договор.
  • Уште едно решение кое се предлага со овие измени и дополнувања на законот е воведување дополнителен чекор кај постапките каде е добиена само една прифатлива понуда или е останата само една прифатлива понуда. Со ова на единствениот понудувач му се дава можност да ја намали првично понудената цена само еднаш со што ќе се добие неговата конечна цена. Ова од причина што не е можно да се спроведе стандардна електронска аукција во услови кога во постапката има само една понуда или една прифатлива понуда. Како резултат на тоа се брише основот за примена на постапката со преговарање без објавување на оглас од член 99 став 1 точка 1 алинеја 4 од законот.
  • Се уредува правото на жалба на економските оператори при реализација на техничкиот дијалог кај постапките кои подлежат на оваа законска обврска. Исто така, се уредува и обврската дека договорните органи се должни да го спроведат решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки, а во спротивно ќе се смета дека договорниот орган не спровел постапка за доделување договор за јавна набавка согласно со условите од законот.
  • Се воведува обврската за добивање претходна согласност од Државната комисија за жалби по јавни набавки во случаите кога со критериумите за утврдување способност се ограничува конкуренцијата на најмногу три економски оператори кај постапката со барање за прибирање на понуди до 5000 евра во денарска противвредност,  четири економски оператори кај постапката со барање за прибирање понуди до 20.000 евра и најмногу пет економски оператори кај другите постапки.
  • Се ограничува користењето на критериумот економски најповолна понуда само за набавка на услуги кои имаат интелектуален карактер, како и кај оние набавки каде квалитетот не е можно прецизно да се дефинира во техничките спецификации како минимални услови. При тоа, предвидена е претходна согласност доколку договорниот орган планира да го користи критериумот економски најповолна понуда. Ова е со цел максимално да се објективизира процесот на евалуација, без да се ограничи можноста од користење на квалитетот како минимални услови утврдени во техничките спецификации.
  • Значително се зајакнува позицијата на Државната комисија за жалби по јавни набавки со проширување на нејзините надлежности. Имено, како што може да се заклучи од погоре, покрај одлучувањето по жалби, Државната комисија ќе има надлежност да издава согласности пред објавување на јавната набавка во неколку случаи. При тоа, се разработува постапката на издавање согласност и се предвидува вклучување на независни стручни лица кои треба да и помогнат на комисијата при одлучувањето.
  • Во Предлог – законот се конретизира и кривичната одговорност на лицата кои нема да ги почитуваат одредбите од овој закон во делот на добивање претходна согласност, а со тоа ќе ја ограничат конкуренцијата на мал број економски оператори во постапката, согласно со условите од законот.

/ Прочитано:

0

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Среда, 18 септември 2013 – Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во прво читање, денеска е на Законодавно-правната комисија. Измените и дополнувањата треба да го уредат профилот на економски оператор на Електронскиот систем за јавни набавки.