/ Прочитано:

1.025

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за лизинг (СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Понеделник, 2 септември 2013  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за лизинг во прво читање е на собраниска Комисија за финансирање и буџет. Според предлагачот, Владата на РМ, законското решение треба подобро да го регулира работењето на давателите на финансиски лизинг, јакнење на стабилноста на пазарот и сигурност на клиентите. 

„Донесувањето на Предлогот – закон за изменување и дополнување на Законот за лизинг е со цел подобро регулирање на работењето на давателите на финансиски лизинг, јакнење на стабилноста на пазарот и сигурност на клиентите“, стои во предложеното решение. 

Со предложениот Закон треба да се дефинираат причините за одбивање на барање за добивање дозвола за вршење на финансиски лизинг, да се воведува претходна согласност за промена на сопственичката структура и основната главнина на давателот на финансиски лизиниг и се уредува постапката за поднесување на барање и за издавање на согласностите и да се продолжува рокот за усогласување на давателите на финансиски лизинг.

 >> Целосниот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лизинг може да го прочитате тука