/ Прочитано:

1.812

Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството ( СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Вторник, 12 февруари 2013 – Преку измените на Законот за пожарникарство се уредува формирањето, организирањето и дејствувањето на противпожарните единици, доброволните противпожарни здруженија, гаснењето на пожарите, како и условите за производство, ставање во употреба и одржување на уредите, опремата и средствата за гаснење на пожари. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството е на прво читање на Комисијата за одбрана и безбедност.

По разгледаните информаци за актуелната состојба со пожарите во летниот период  на територијата на земјава од страна на Владата на РМ, преку предложените изменувања и дополнувања на Законот за пожарникарството, според предлагачите, се постигнува усогласување на реалните настанати потреби.

Преку измените се дефинира бројот на пожарникари во однос на бројот на населението, освен критериумите кои треба да ги исполнуваат пожарникарите се определуваат и звања, се прецизира начинот на кој дејствуваат, работата на Противпожарникарскиот сојуз на РМ, нивното стручно образование, кодекс на однесување, формирањето, организирањето и дејствувањето на противпожарните единици, доброволните противпожарни здруженија, гаснењето на пожарите, како и условите за производство, ставање во употреба и одржување на уредите, опремата и средствата за гаснење на пожари, стои во Предлогот подесен од Владата на РМ.