/ Прочитано:

1.524

Предлог закон за лустрација


Понеделник, 4 јуни 2012 – Предлог-законот за лустрација т.е. Предлог-закон за определување услов за ограничување на вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државна безбедност, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери денеска е на дневен ред во Собранието на РМ. 

Новиот предлог-закон предвидува лустрацијата да се однесува на периодот од 1944 до 2006 година  односно од периодот кога почна да се применува Законот за слободен пристап до информации. Предвидено е со лустрирањето да бидат опфатени сите раководни лица со посебни должности и овластувања, воени и цивилни, старешини во АРМ, МО, МВР, во казнено-поправните и воспитните установи, другите полиции, агенција за разузнавање, ревизори.

Со новиот Предлог-закон, меѓу другото, се предвидува на лустрација да подлежат и лицата кои стекнале над 5 отсто капитал при приватизацијата на општествените претпријатија. Во процесот воедно ќе се декласифицираат и оригиналните документи кои се извор на информации, чувани од поединци или правни лица, но и од државните органи како „строго доверливи“.

Со овој закон се уредува:

  • условот со кој се ограничува  вршењето на јавна функција;
  •  постапката за пристап, откривање и употреба на документите на државната безбедност на Република Македонија и цивилните и армиските органи на државната безбедност на СФРЈ, во периодот од донесувањето на Декларацијата на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија-АСНОМ за основните  права  на  граѓанинот  на  Демократска  Македонија  на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година до денот на отпочнување на примената на   законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  • објавувањето на соработката  на лица – кандидати за носители на јавна функција или јавно овластување, поранешни и сегашни носители на јавни функции или поранешни и сегашни вршители на јавна дејност или јавни овластувања – со органите на државната безбедност.
  •  надлежноста на Комисијата за верификација на факти;