/ Прочитано:

1.206

Предлог-закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Македонија и Русија за „Јужен тек“

Среда, 4 септември 2013 – Спогодбата помеѓу Владата на РМ и Владата на Руската Федерација за соработка при изградбата на гасоводот-кракот за испорака на гас во РМ, влезе во собраниска процедура. Овластени организација од македонската страна е АД „Македонски енергетски ресурси“, а од руската страна е отвореното АД „Гаспром“, стои во Предлог-законот за ратификација на Спогодбата. 

Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македониjа и Владата на Руската Федерациjа за соработка при изградбата на гасоводот-кракот за испорака на гас во Република Македониjа, ги содржи правата и обврските на двете страни.

Според Спогодбата, во РМ ќе се основа компанија која ќе биде задолжена за утврдување на тарифите за услугите на транспортирањето на гасот, додека правата на користење на сите капацитети на гасоводот-кракот, му припаѓаат на рускиот основач.

Договорот предвидува проектирање, изградба и користење на крак од магистралниот гасоводен систем кој се гради од Руската федерација преку Црното море и териториите на трети земји за испорака на гас во Македонија во случај, како што се наведува, да се потврди целисходноста на проектот гасовод – крак, на начин утврден во членот 2 од Спогодбата.

>> Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка при изградбата на гасоводот – кракот на гас во Република Македонија може да го прочитате тука